Дел од марихуаната од валандовско е откриена во Арачиново, еден дел е во Косово

Во однос на вчерашната полициска акција во Крушево, премиерот Зоран Заев посочи дека е информиран дека се случуваат вакви девијантни појави и дека ова е втора, потсетувајќи на акцијата пред некој ден во Валандовско-гевгелискиот регион.

– Комисијата за давање на дозволите за лиценца ќе направи детална контрола покрај тоа што го прави МВР. Уште еднаш поддршка за сите овие акции, за превенирање, спречување и откривање на сите незаконски дејствија поврзани со дрогите, а вклучително овде и канабисот којшто надвор од законско пропишаните рамки излезе надвор, изјави Заев.

Оставам на истрагата, нагласи Заев, посочувајќи дека МВР постапува ефикасно.

– Еден дел од тоа што беше Валандово-гевгелискиот регион веќе е откриен во областа на Арачиново, еден дел е во Косово, се работи со службите да се открие до крај и да бидат извадени пред лицето на правдата сите одговорни. Истото се случува и со Крушево и ќе продолжат ваквите активности, будно го следиме целото тоа преку МВР како најнадлежно за оваа работа заради тоа што ова е процес којшто е контролирачки и верувам дека самата истрага ќе покаже кој и зошто е виновен или слично, рече Заев.

Во однос на тоа дека меѓу уапсените во Крушево бил и близок роднина на заменик-министерот за внатрешни Назим Буши, Заев рече дека првпат слуша за тоа кои луѓе се инволвирани, но и дека не е важно, бидејќи треба да си одговараат без разлика кои се.

– Така што за мене сега ова што го спомнавте се само индиции, информации. Јас дури и првпат слушам за тоа кои луѓе се инволвирани, впрочем и не е важно кои се. Ако се инволвирани тие треба да си одговараат без разлика кои се, како се поврзани, со кои важни или неважни личности во државата, рече Заев. 

реклама

Хроника

Насилство меѓу малолетници-чираци во берберница во Арачиново

Read more

Извлечено тело на жена од Вардар во Скопје

Read more

Тајна шахта и кражба на струја од над 56.000 евра откриени во станбено-деловен објект во Тетово

Read more

Скопјанец ги нападнал поранешната партнерка и нејзиното момче

Read more
 

Вести

Санчес не му крева на Мерц: Биравте погрешен број

Читај повеќе

Русија гради нуклеарен контејнерски брод за арктичкиот коридор

Читај повеќе

Насилство меѓу малолетници-чираци во берберница во Арачиново

Читај повеќе

Извлечено тело на жена од Вардар во Скопје

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Грција

Читај повеќе

Русите не се плашат од бомби: Продолжуваат да градат нуклеарки во Иран

Читај повеќе

Португалски полицајци осомничени за мачење и силување, деветмина во притвор

Читај повеќе

166 милиони денари повеќе во буџетот на Скопје: Кружен тек кај Народна банка, две катни гаражи во Клинички

Читај повеќе
  • play_arrow

Тетовецот Рене Реџепи се повлекува од Noma, го обвинуваат за малтретирање на вработените

Читај повеќе