Извршен претрес, запленети околу 60 кг марихуана

Од страна на Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во координација со полициски службеници од ОВР Прилеп вчера биле лишени од слобода Т.С.(22) од Скопје, В.К. (35) од Р.Албанија и Р.К. (22) од Р.Косово, поради основано сомнение дека сториле кривично дело неодзволена трговија со дрога, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Министерството соопшти дека поради постоење основи на сомнение дека во викенд куќа во селото Врбоец, крушевско, се наоѓа поголема количина наркотична дрога марихуана, за која постои сомнение дека е одземена од простории на правно лице од крушевско за производство на медицински канабис, со наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Прилеп извршен е претрес во викенд куќата, при што се пронајдени и одземени шест вреќи со околу 60 килограми марихуана.

При претресот било затекнато едно лице кое се дало во бегство, но за кратко време било лишено од слобода, при што е констатирано дека станува збор за Т.С.(22) од Скопје.

Исто така, со судска наредба од Основен суд-Крушево, претрес бил извршен и во изнајмени соби од сместувачки објект во Крушево, во кои престојувале лицата: В.К., Р.К., Л.С.(23) и Т.С., при што биле пронајдени и одземени масло од хашиш и марихуана. В.К. и Р.К. биле лишени од слобода.

На приведените лица, во координација со Јавен обвинител од ОЈО Прилеп, им е одредена мерка притвор, по што од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје против нив ќе биде поднесена кривична пријава, поради постоење основи на сомнение дека како организирана криминална група сториле кривично дело предвидено и казниво по член 215, ст.3 од Кривичниот законик.

Од МВР посочуваат дека истрагата продолжува и денеска, во соработка со Министерството за здравство, при што во моментов се врши инспекциски надзор на правното лице за производство на медицински канабис.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Хроника

Екстрадиран Бесим Красниќи

Read more

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Read more

Запленети 4,8 килограми злато при влез на автобус на ГП Богородица

Read more

Жена физички нападната од возачот на автобус на ЈСП

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе