Деми Мур: Голата фотографија во Vanity Fair го промени светот

Во гостување на YouTube емисијата „No Filter“ на Наоми Кембел, Деми Мур се потсети на актот на насловницата во Vanity Fair од 1991 година.

Имено, Деми смета дека таа разголена фотографија каде што има 28 години и е во поодмината бременост, го променила светот.

– Се сеќавам многу добро на тоа. Јас разбирам какво влијание имаше сѐ тоа врз светот… На жените, на нашата „дозвола“ да си „ја прегрнеме“ својата бремена состојба. Но, тоа беше миг што го искористив за да бидам навистина своја и да се изразам себеси и да не се обидувам да бидам ништо друго освен самата јас, се потсети глумицата.

Родителството е голем дел од животот на Мур. Таа дури и одмораше некое време од успешната своја актерска кариера за да им се посвети на своите три ќерки и нивното воспитание. Инаку, таа ги има Скаут, Талула и Румер Вилис со поранешниот сопруг Брус Вилис.

– Само одлучив дека тие треба да бидат во средиштето и да бидат на едно место. Просто, требаше да направам пауза!, рече таа во една прилика.

Неодамна имаше слична можност да се поврзе повторно со своите деца, но и со новото семејство на Вилис – неговата сопруга Ема и нивните две ќерки Мејбел и Евелин, за време на пандемијата и карантинот.

– Моите ќерки ги сакаат своите помали сестри и за мене, тоа е наше семејство, без разлика во каков облик е и важно е да се чуваме сите заедно. И за малите да се чувствуваат пријатно со мене и да ме познаваат, за да ги знаат и своите сестри подобро. Беше навистина слатко и си поминавме доста откачено, додаде таа.

Remote video URL
Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Филм & ТВ

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе