Денеска ќе се потпише договорот за набавка на 200.000 кинески вакцини

Скопје, 8 февруари 2021 (МИА) – Договорот за набавка на 200 илјади вакцини за Ковид-19 од Кина треба да се потпише во текот на денешниов ден и се очекува по потпишувањето за најкраток временски рок тие да стигнат во земјава, иако засега нема подетални информации кога би пристигнале.

Со пристигнувањето на кинеските вакцини ќе започне и процесот на имунизација, преку кој ќе бидат опфатени 100.000 граѓани. Веќе е адаптиран и националниот план за имунизација. Вакцинацијата ќе се врши преку постоечката здравствена мрежа и вакцинални пунктови.

На дневно ниво се очекува да се вакцинираат од 2.000 до 2.500 граѓани. За секој граѓанин кој ќе ја прими првата доза веднаш ќе биде резервирана и втора што треба да се прими после 21 ден.

Покрај кинеските вакцини земјава обезбеди 800.000 вакцини од КОВАКС системот и за исто толку се разговара и со компанијата Pfizer. Според министерот за здравство Венко Филипче првата количина вакцини е сосем доволна за еден процес на вакцинација што ќе трае четири до шест, седум недели.

Согласно планот први се вакцинираат сите лица од најризичната група, која е поделена на две групи – во првата се здравствените работници кои работат во Ковид центри со ковид пацинети, во втората се сите граѓани над 70 години.

Во втората фаза се вакцинираат лицата постари од 65 години, лица од 18 до 64 со коморбидитети или здравствени состојби со висок ризик, здравствените работници од Институтот за јавно здравје и Центрите за јавно здравје, фармацевтите, стоматолозите и другиот здравствен персонал, вработени во други витални институции, критична инфраструктура и новинарите, вработени во образовните институции и градинки.

Во третата фаза останатите преостанати лица од повеќе групи од други важни дејности како прехрана, транспорт, производство на лекови, комунална хигиена, банкарски сектор, земјоделие, останати вработени во образование во здравство со низок ризик на зараза, лица кои што не можат да одржуваат физичка дистанца и на крајот сите граѓани кои сакаат да примат вакцина на возраст од 18 до 64 години.

Оваа недела ќе биде објавена веб-страната што ќе биде од информативна природа и ќе го содржи делот за пријава, односно за изразување на интерес за вакцинација. Кога веб-страницата ќе биде достапна, пријавувањата можат да започнат веднаш. Пријавувањето ќе се одвива со внесување на личните податоци, граѓаните ќе се идентификуваат и ќе добијат одоговор на електронската пошта што ќе ја остават дека е примена нивната пријава и можат да очекуваат повик од матичен лекар за терминот кога ќе биде закажана вакцинацијата, соодветно групата во која спаѓаат, дефинирана во Националниот план.

Од 1.846 тестирања вчера беа регистрирани 199 нови случаи на COVID-19. Починаа осум пациенти, сите над 60 години. Институтот за јавно здравје регистрираше 264 оздравени пациенти.

Во ковид-центрите во главниот град, во моментов се лекуваат вкупно 263 лица сомнителни и потврдени за COVID-19. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Министерството за здравство вчера оцени дека бројот на приеми изминатите денови е стабилен и до вчера наутро имало 93 слободни места.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 594 и има околу 520 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во штипската Клиничка болница од 450 вработени, над една третина се пријавиле веднаш да се вакцинираат против коронавирусот. Според податоците од Клиничка болница, на анкетите 126 вработени побарале веднаш да ја примат вакцината, додека останатиот перосонал се пријавил за во наредните фази.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе