Џенифер Лопез конечно потврди дека е во врска со Бен Афлек. Таа објави фотографија од прославата на нејзиниот 52. роденден на која се бакнуваат.
Ова е првпат некој од нив двајца да објави на социјалните мрежи дека се повторно заедно.
Двајцата се лудо вљубени и ќе направат сè за да останат заедно засекогаш, потврди близок извор за People.
Лопез и Афлек започнаа врска во јули 2002 година, а се верија во ноември истата година. Раскинаа во 2004 година.