Десерт на денот: Чоколаден колач со банана

Овој едноставен рецепт колач со чоколадо и банана е лесен за подготовка, а ќе го направите највкусниот колач што некогаш сте го пробале.

За да добиете сочен и мек колач, бананите треба да бидат убаво дозреани и меки.

Потребни состојки:

1 шолја сенаменско брашно

½ шолја кокосово брашно

1 супена лажица какао во прав

1 кафена лажичка прашок за печење

½ кафена лажичка морска сол

3 големи зрели банани

¼ шолја растопен путер

¼ кокосово масло

¼ шолја кафеав шеќер

1 големо јајце

1 кафена лажичка екстракт од ванила

1 шолја црно чоколадо

Подготовка:

Во голем сад измешајте ги брашното, какаото, прашокот за печење и морската сол. Во друг сад изгмечете ги бананите. Додадете ги растопениот путер и кокосовото масло и мешајте додека смесата не се соедини. Потоа додадете ги шеќерот, јајцето и екстрактот од ванила. Мешајте додека не добиете изедначена смеса.

Потоа додадете ги состојките од првиот сад и мешајте. По желба, може да додадете грст парчиња мека банана. Додадете ¾ од шолјата изрендано чоколадо.

Ставете го тестото во правоаголен сад за печење што сте го обложиле со хартија за печење. Останатото рендано чоколадо посипете го озгора. Печете 50-60 минути на 180 степени Целзиусови.

Потоа извадете го колачот од рерна и оставете да се олади 15-тина минути. Откако ќе се олади, исечете го на парчиња и послужете го.

Ако го завиткате во најлонска кеса може да стои и до четири дена на средна собна температура, а замрзнат може да го чувате до 30 дена.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Рецепти

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Read more

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Read more

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Read more

Ловечки шницли на руски начин

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Читај повеќе

Како да знаете дали се плаши од сериозна врска?

Читај повеќе

Во која земја младите се најсреќни? Не, не е Македонија

Читај повеќе

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе