Десетте најубави плажи во светот

Овие десет плажи важат за најубави на планетата. На посетителите им нудат уживање во погледот на прекрасните, тивки плажи полни со зеленило и палми, кои со кристално чиста зелена или сина вода, претставуваат вистински рај.

Овој список на топ 10 најпопуларни и најубави плажи се одбрани според книгата „The 10 best of everything“ на National Geographic.

Сејшели

Една од најубавите плажи со светлорозев песок е Анс Сурс д'Аржен на островот Ла Диг и претставува една од 115-те компоненти на овој архипелаг во Индискиот Океан. Тиркизната вода е релативно плитка, а од океанските бранови е заштитена со гребен.

Малдиви

Без разлика дали вашиот одмор од соништата се состои од уживање во луксузен хотел или пливање со тропска риби 24 метри под вода, Малдивите спаѓаат во групата острови каде се можни двете опции. Малдивските Острови се наоѓаат југозападно од Шри Ланка и се состојат од 1.102 острови групирани во 26 атоли.

Бора Бора (Тахити)

Ова е еден од волшебните острови на Француска Полинезија во Јужниот Пацифик. Дола е само 29 километри и лежи во заштитена лагуна ограничена со брегови со бел песок. Бора Бора го доби прекарот „романтичен остров“ благодарение на изолираните плажи, мирната атмосфера и интимните хотели.

Хемптонс (Њујорк)

Хемптонс е една од најубавите плажи на Лонг Ајленд. Надопреното крајбрежје започнува околу Саутемптон и води на исток до крајот на островот во близина на Монтаук. Дините формирани под влијание на ветрот и брановите трева ја одделуваат оваа плажа од Атлантскиот Океан.

Ланикаи (Хаваи)

Половина милја прекрасна мелодија, палми кои ја красат плажата со бел песок, бујни тропски растенија и дневно убаво време е она што ја прави Ланикаи една од најубавите плажи на Хаваите. Брегот е заштитен од околниот корален гребен, што ги прави сурферите помирни. Водата е секогаш длабока и зелена, така што создава совршен пејзаж за слика како од разгледница.

Нантакет (Масачусец)

Најпопуларните плажи на овој остров во северниот Атлантски Океан се Сурфсајд и Чилдренс'с. Овие плажи се прилично тивки и располагаат со пространство од песок за сончање или правење песочни замоци. Плажата Мадакет е позната како рај за сурфери и зајдисонца што не се пропуштаат, додека плажата Куиднет нуди прекрасен поглед на Санкати Хед светилникот.

Фрејзеров Остров (Австралија)

Сместен во сончевиот Квинсленд, 259 километри североисточно од Бризбејн, островот Фрејзер е најголемиот песочен остров во светот и дом на прекрасни плажи. Се наоѓа на списокот на светско културно наследство на УНЕСКО и е сон на екологистите со 1.664 квадратни километри недопрен природен рај. Тука се и дождовните шуми со дрвја стари илјада години, кои никнуваат од песок.

Сент Бартс

Еден од многуте острови во Карипското Море, Сент Бартс ги привлекува посетителите со мешавина од француски шик и релаксација на островот. Со прекрасни затскриени плажи, добра француска кујна и грандиозни хотели, овој тропски рај е популарен кај членовите на светскиот џет-сет. Островот е долг 13 километри и е опколен со 20 плажи и мали заливи со пливачи и љубители на сонцето, прекрасна вода и бел песок.

Лангкави (Малезија)

Името Лангкави во превод значи земја на нечии желби, што е охрабрувачки концепт за оној кој верува дека историските корени на островот потекнуваат од наводното прибежиште за пиратите. Лангкави стана модерно место за сите патници кои сакаат да избегаат од реалноста. Ако вашиот концепт за патување одговара на ситен бел песок, чиста вода и бујни зелени шуми, вие сте на вистинското место.

Кауна'оа Беј (Хаваи)

Сместен на брегот на Кохала на Големиот остров во државата Алоха, заливот Кауна'оа Беј е есенцијално место на Хаваите. Оваа плажа е долга 0,4 километри, има форма на полумесечина и има многу бел песок, палми и чиста, мирна и сина вода. Покрај сончање и пливање, љубителите на летото можат да нуркаат и да сурфаат.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Чек дис аут

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Read more

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Read more

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Read more

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Читај повеќе

Како да знаете дали се плаши од сериозна врска?

Читај повеќе

Во која земја младите се најсреќни? Не, не е Македонија

Читај повеќе

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе