Дешан го продолжи договорот со Франција до Мундијалот 2026

Француската фудбалска федерација на својата официјална веб-страница го објави продолжувањето на договорот со селекторот на репрезентацијата Дидие Дешан. Важноста на новиот договор е до јуни 2026 година.

„Француската фудбалска федерација и нејзиниот претседател Ноел Ле Грает, со задоволство го објавуваат продолжувањето на Дидје Дешан на чело на француската репрезентација до јуни 2026 година“, објави ФФФ.

Во стручниот штаб ќе продолжат да работат и Ги Стефан како помошник на Дешан, Франк Равјо како тренер на голманите и Сирил Моан како задолжен за физичка подготовка.

URL

Тоа значи дека ќе ја води Франција и на наредните две големи натпреварувања - ЕУРО 2024 во Германија и Мундијалот 2026 во Канада, САД и Мексико.

Дешан е на чело на репрезентацијата од 9 јули 2012 година. За десет години Французите под негово водство станаа светски шампиони во Русија 2018, победници на Лигата на нации за сезоната 2020/2021 и сребрени медалисти на два турнира: ЕУРО 2016 на домашен терен и Светско првенство 2022 во Катар.

На 18 декември Франција загуби од Аргентина (3:3, 2:4 на пенали) во финалето на Светското првенство во Катар. По натпреварот, францускиот претседател Емануел Макрон побара од 54-годишниот специјалист да остане селектор на националниот тим.

Дешан со „Ле Блу“ има скор од 89 победи, 28 нерешени и 22 пораза во 139 натпревари, 279 постигнати голови и 119 примени. Воедно, тој е Светски шампион и како играч во 1998 и европски од 2000 година.

реклама

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Read more

Која е најдобрата заштита за автомобил од град?

Read more

Крај на измамите со вратена километража на возила

Read more

Фудбал

Анчелоти е нов селектор на Бразил, ќе биде првиот странец на клупата

Read more

ФФМ објави против кои лица се покренува постапка поради сомнителниот меч Кожуф - Башкими

Read more

Дембеле прогласен за најдобар играч во Франција

Read more

Де Брујнe доби зелено светло за преговори со Наполи

Read more
 

Спорт

ЕвроБаскетот 2029 ќе се игра во Грција

Читај повеќе

Анчелоти е нов селектор на Бразил, ќе биде првиот странец на клупата

Читај повеќе
  • play_arrow

ФФМ објави против кои лица се покренува постапка поради сомнителниот меч Кожуф - Башкими

Читај повеќе

Дембеле прогласен за најдобар играч во Франција

Читај повеќе

Де Брујнe доби зелено светло за преговори со Наполи

Читај повеќе

Јунајтед ќе мора да го плаќа Каземиро како да е Роналдо

Читај повеќе
  • play_arrow

Шпанците објавија снимка од ВАР собата за поништениот гол на Барса

Читај повеќе

Познати се сите учесници на Европското првенство во ракомет 2026

Читај повеќе
  • play_arrow

7 големи фудбалски клубови со лоши академии

Читај повеќе