Сара Коен од Сиднеј стана доста популарна на социјалните мрежи каде постојано објавува фотографии од нејзините патувања ширум светот. На нив може да се види како Сара плива со китови, ајкули и позира покрај различни животни.
Во последните неколку години 22-годишната Сара има патувано низ Бора Бора, Бахамите, Јужна Америка и други егзотични локации. На Instagram ја следат повеќе од 284 илјади обожаватели.
Сара не се плаши од ајкули, со нив плива веќе седум години, а минатата година пливаше и со грбави китови. Благодарение на егзотичните фотографии Сара истовремено стана и модел за костими за капење. Ако претходно сама ги плаќаше патувањата, сега има промотивни активности за различни компании, со што нејзината популарност сè повеќе расте.