Музичарката Грајмс, девојка на милијардерот Илон Маск, откри дека нејзиниот 16-месечен син X ја вика по нејзиното име Клер.
„Да се биде мајка од некоја причина е многу чудно. Не се идентификувам со тој збор кој исто така е чуден. X ме вика Клер, а не мама“, изјави таа за Vogue.
Додаде дека нејзиниот син чувствува дека не сака да ѝ се обраќа со мама.
„Можеби тој ја чувствува нетрпеливоста што ја имам кон зборот „мајка“. Дури и не знам зошто тој збор ми е толку одвратен, го почитувам мајчинството, но не можам да се поистоветам со тоа, изјави таа.
Објасни како раѓањето на синот X Ӕ А-Xii ѝ отворило нов свет на креативност.
„Мислам дека раѓањето на детето за мене беше голем вид повторно раѓање, во уметничка смисла“, заклучи таа.