Диего Коста: Конте не ме сака во тимот

Напаѓачот на Челзи Диего Коста откри дека менаџерот на тимот, Антонио Конте, му порачал дека не го гледа во тимот во наредната сезона.

Бразилецот со шпански пасош минатата сезона беше еден од најзаслужните за титулата во Премиер лигата: тој постигна 20 голови на 35 натпревари.

Изминатите месеци медиумите шпекулираа дека тој ќе замина во Кина, но самиот демантираше со изјавата дека доколку не остане во Челзи, ќе се врати во Атлетико. Опцијата со Атлетико повеќе не е реална бидејќи неговиот поранешен клуб поради казната на ФИФА не смее да реализира трансфери во овој преоден рок.

„Јас сум играч на Челзи, но тие не сакаат да останам тука. Конте со СМС ми порача дека не сум во плановите за наредната сезона. Мојот однос со менаџерот изминатата сезона беше лош. Веќе ги известив луѓето во клубот. Ќе најдам нов тим“, рекол Коста.

Челзи во 2014 година на Атлетико му плати 32 милиони фунти за Диего Коста. За три сезони тој постигна 58 голови на 119 натпревари, колку што одиграл во синиот дрес.

Одговорајќи на новинарско прашање дали е можно враќање во Атлетико, во ситуација кога клубот има забрана за трансфери, тој не ја исклучи таа можност.

„Пет месеци без фудбал? Не знам, комплицирано е сето тоа, но луѓето знаат дека го сакам Атлетико и дека го сакам животот во Мадрид. Би било убаво да се вратам, но 4-5 месеци без фудбал, тоа е тешко. Наредната година е светското првенство, морам да мислам и на тоа. Морам да играм“, рекол 28-годишниот фудбалер.

Клубот во јануари го суспендира Коста поради несогласувањата кои тој ги имал со кондицискиот тренер. Тогаш се засилија шпекулациите дека тој ќе се пресели во Кина, во Тјанѓин за годишна плата од 30 милиони евра, но тогаш Челзи не сакаше да го продаде.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе