Димитриевски: Би сакал да играм со Македонија на СП 2030, на меч во Мадрид

Макфакс/Кајгана
/ 07.04.2023 / 09:59

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димириевски е еден од главните адути на Рајо Ваљекано во Ла Лига, а во интервју за TeleMadrid истакна дека би сакал кариерата да ја заврши со настап на Мундијалот во 2030 година во дресот на националниот тим.

Шпанија и Португалија се кандидати за организација на Светското првенство во 2030 година, а Столе Димитриевски вели дека за него би бил перфектен крај доколку игра со Македонија на тој Мундијал, на натпревар во Мадрид.

„Мојот сон е да ја завршам кариерата во македонскиот дрес со настап на Светското првенство во 2030 година, во Шпанија и Португалија. Тогаш ќе имам 36 години“, изјави Димитриевски.

Тој пред една година се поврзуваше со трансфер во Барселона, но можноста пропадна, па сега вели дека не би имал ништо против да остане во Рајо Ваљекано уште долго, можеби и до крајот на кариерата.

Инаку, ФИФА ќе го одреди домаќинот на овој Мундијал во втората половина од 2024 година. Засега има три потврдени кандидатури и тоа сите со неколку земји како коорганизатори. Желбата на Столе веројатно нема да се исполни бидејќи главен фаворит за добивање на организацијата е јужноамериканската четворка Уругвај, Аргентина, Чиле и Парагвај - така ФИФА на вистински начин ќе ја прослави 100-годишнината од првиот Мундијал на кој домаќин беше Уругвај, а во финалето оваа земја играше против Аргентина. На првиот Мундијал во 1930 учествуваа и Чиле и Уругвај. Лео Меси и Луис Суарес веќе некое време како се амбасадори на оваа идеја.

Дригите две кандидатури се на четворката Шпанија, Португалија, Мароко и Украина, како и на триото Египет, Саудиска Арабија и Грција.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе