Димитров: Францускиот предлог е опасен преседан

Поранешниот шеф на македонската дипломатија Никола Димитров во интервју за ТВ Н1 од Белград изјави дека францускиот предлог за решавање на спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија е опасен преседан и отвора можност Софија да го блокира и уценува Скопје во текот на целиот преговарачки процес, јави допсиникот на МИА од Белград.

Според Димитров, Париз дозволил билатералните прашања со Бугарија да влезат во преговарачка рамка, а спорот со Софија се однесува на македонскиот јазик, идентитет и историја.

-Мислам дека тоа само не оддалечува од она што процесот треба да биде – демократски и економски реформи, копенхашки критериуми. Ова што го имаме е ќорсокак, изјави Димитров за Н1.

Според него, Европската Унија треба да се убеди да го промени процесот што не функционира, бидејќи таквиот процес на проширување не носи резултати, односно не ги наградува земјите што одат напред, не ги казнува земјите што одат назад и дозволува една членка на ЕУ да се „изживува“ над земја кандидат.

Како што рече Димитров, однесувањето на Бугарија е во спротивност со суштинските европски принципи, кои вклучуваат почитување на јазичната и културната различност на континентот.

Запрашан како го гледа падот на бугарската влада, тој кажа дека целото прашање за Северна Македонија во Бугарија служи за одвлекување на вниманието од главните прашања на бугарското општество, како што се корупцијата и другите системски проблеми.

-Ова прашање, бидејќи е емотивно, се користи како одвраќање и мислам дека на некој начин и на нив им штети, рече Димитров.

Според него неопходно е да се „ресетира“ политиката кон Софија, а ЕУ треба да ja  казнува наместо да ја наградува Бугарија за ветото.

Тој го опиша процесот на приклучување на земјите од регионот, велејќи дека сите на Балканот седат во еден автобус, и сите се трудат да седат што е можно поблиску до возачот.

-Но, проблемот е што автобусот не се движи, рече Димитров.

реклама

Кафе на празен стомак - штетно или не?

Read more

Три промени во компирот откриваат дека не е безбеден за јадење

Read more

Канје Вест објави видео од Памела Андерсон како гола му носи торта на Хју Хефнер

Read more

Класика за сите непца: Вкусен сатараш со тиквички и телешко

Read more

Македонија

Дел од Карпош денеска без вода

Read more

Мицкоски: И Апелација докажа дека СДСМ е лажно клеветничка партија

Read more

Се зголемува цената на дизелот

Read more

Директор на комунално претпријатие обвинет за проневера во службата

Read more
 

Вести

Гренландскиот премиер: Сакаме да останеме Гренланѓани

Читај повеќе

Дел од Карпош денеска без вода

Читај повеќе

Експертите на Светскиот економски форум немаат добри вести за Европа во 2025 година

Читај повеќе

Мицкоски: И Апелација докажа дека СДСМ е лажно клеветничка партија

Читај повеќе

ОЈО со обвинение за две лица по мачењето и убиството на кучето Феликс, го влечеле со жица и го тепале до смрт

Читај повеќе

Се зголемува цената на дизелот

Читај повеќе

Хамас се согласил на истиот договор како оној во мај 2023, пресудила една реченица

Читај повеќе

Три лица од Скопје искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

Бајден сака да му зададе проштален удар на Трамп: Бара укинување на претседателскиот имунитет

Читај повеќе