Џиновски брод се заглави во Суецкиот Канал

Еден од најголемите товарни бродови на светот се заглави во Суецкиот Канал поради што блокиран е сообраќајот на оваа клучна трговска поморска точка.

Бродот „Ever Given“ широк 59 метри кој плови под панамско знаме се заглави во тесниот канал кој ги спојува Медитеранот со Црвеното Море. Во сопственост е на компанијата Evergreen Marine.

Се работи за 13-тиот на листата на најголеми бродови на светот со должина од 400 метри и тонажа од 219.079 кој патува од кинескиот пристанишен град Шенжен до холандски Ротердам, каде треба да пристигне на 31 март.

Патувањето е прекинато откако бродот синоќа заглави во каналот северно од египетскиот пристанишен град Суец. Каналот е долг 193,3 километри, а бродот е заглавен нешто после почетокот.

Remote video URL

Откако кабината не успеа сама да го одглави бродот, на помош пристигнаа египетските власти кои сега со тешка машинерија пробуваат да ја тргнат песокта околу бродот. Колку тешка и да е машинеријата, кога ќе се видат тие багери до огромниот брод наликува на битка на Давид против Голијат.

Колку успешна е операцијата за вадење на бродот говори фактот што до утринава бродот не успеа ни сантиметар да се помрдне.

URL

Суецкиот Канал е еден од најфреквентните поморски точки на планетава. Отворен бил во 1869 година и оттогаш повеќе пати бил прошируван и модернизиран. Во 2019 година 18.880 бродови поминале со вкупен товар од 1 милијарда тони. Во просек на еден товарен брод му се потребни помеѓу 12 и 16 часа за да помине низ каналот.

URL

На двапати поради војна каналот бил затворан што предизвикало огромни штети по глобалната поморска мрежа и економски последици врз најголемите држави. Тоа се случило во 1956-57 и во 1967-75 кога се водела војна помеѓу Египет и Израел.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе