Директно од 3019 година: Renault TREZOR е најубавиот автомобил во светот
Кога автомобилските дизајнери ќе решат да креираат магија, понекогаш успеваат да креираат нешто толку магично што ќе ве натера да останете со подзината уста. Еден од тие автомобили е Renault TREZOR – концепт на француската компанија кој изгледа како да допатувал директно од иднината.
Renault TREZOR е автомобил кој не е наменет за секојдневна употреба – тоа би требало да ви е јасно уште по самиот изглед на возилото. Но, внатрешниот и надворешниот дизајн покажуваат колку способна е станата автомобилската индустрија во последните години, барем кога се работи за разбирање на естетиката и потребите на возачите.
Со TREZOR нема да добиете чувство како на семеен автомобил, туку ќе се почувствувате како вистински тркач во суперавтомобил. Всушност, Renault TREZOR е токму тоа – суперавтомобил.