Директорите открија кои работници се идеални на работа

Роберт Реис е радиоводител на програмата The CEO Show, а во последните 15 години има интервјуирано над 1.000 водечки светски директори кои се согласни како треба да изгледаат идеалните вработени.

Сите лидери доаѓаат од различни средини и водат различни компании. На основа на разговорите со нив, најуспешните работници кои се искачуваат на врвот се она што директорите го нарекуваат „трансформативни вработени“ и тие прават четири клучни работи кои им помагаат да ја трансформираат компанијата, но и себеси.

Преземаат задачи кои никој друг не ги сака

Роберт Санчез во 2013 година станал извршен директор на компанијата Ryder System, компанија што се занимава со транспорт и шпедиција, вредна повеќе милијарди долари. Санчез, кој во компанијата бил скоро 30 години, успехот го припишува на ентузијазмот за скокање во различни проекти, дури и ако биле надвор од неговата работа. Со тоа, секогаш се разликувал од колегите.

„Секогаш преземав нови задачи. Станав познат како „решавач на проблеми“, се повеќе ми се отвораа прилики за напредок во кариерата“, вели тој во текот на неодамнешно интервју, пишува CNBC.

Учат и применуваат увиди од други индустрии

Генералниот директор на Whole Foods, Џон Меки се согласува дека љубопитноста е вредна особина. Дури и ако тоа не се однесува директно на неговата индустрија, вели дека се обидува да учи од секоја ситуација или од секој човек што ќе го сретне.

Развиваат свои вештини на слушање

Скоро сите извршни директори со кои разговарал Роберт навеле дека вештината за соработка е една од најпосакуваната кај вработените. Но, успешна соработка е невозможна ако сите учесници кои се вклучени не знаат како активно да слушаат.

Генерал Џо Роблес, пензиониран извршен директор на една од најголемите американски компании за финансиски услуги вели:

„Во војска ќе научите како навистина да слушате. Намерно не ви дозволуваат да зборувате истовремено на радио бидејќи се прекинувате еден со друг. Она што почна како тактичка потреба те прави подобар лидер“, вели Роблес.

Наместо само да го претстават проблемот, тие доаѓаат и до негово решение

Секој извршен директор со кој разговарал водителот го искусил ова сценарио, вработените доаѓаат кај нив со проблем и го прашуваат како да го решат. Не бидете таков човек. Лидерите почитуваат решенија. Наместо само да ги презентирате проблемите, кажете:

„Го имам овој проблем, но размислував за тоа и еве што мислам дека може да направиме за да го решиме“.

Кога ќе преземете нови задачи, учете од другите индустрии и вежбајте активно слушање, ќе бидете подобри и побрзи во решавањето проблеми.

Како резултат на тоа, ќе станете трансформативни работници.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Живот

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе