Директорот на Pfizer: Најверојатно ќе треба и четврта доза од вакцината

До март се очекува да биде готова вакцината која ќе штити од новиот сој омикрон.

Директорот на фармацевтската компанија Pfizer, Алберт Бурла, истакна дека вакцинирањето со четвртата доза од вакцината против коронавирус може да се случи многу порано од очекуваното.

Тој во изјава за CNBC рече дека прелиминарните податоци од истражувањето покажуваат дека вакцината на Pfizer/BioNTech не обезбедува заштита од сојот омикрон.

Бурла го изјави ова откако Pfizer рече дека три дози од вакцината го зголемуваат имунитетот против новиот сој. Од Pfizer известуваат дека ќе направат вакцина која ќе биде ефикасна против сојот омикрон до март следната година.

„Ќе направиме истражување за тоа каков имунитет се добива со вакцинација со три дози и колку долго трае. Мислам дека ќе биде потребна вакцинација и со четврта доза. Меѓутоа, треба да почекаме малку. Можеби ќе треба да реагираме брзо“, рече директорот на компанијата Pfizer.

Тој напомена дека е важно да продолжи вакцинацијата бидејќи во зима луѓето поминуваат повеќе време во затворени простории при што се зголемува ризикот од инфекција.

Директорот смета дека вакцинација со три дози нема да биде доволна. Очекува дека таблетите на Pfizer против коронавирус пакловид ќе го намалат процентот на хоспитализации.

реклама

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе