ДКСК: Пратениците за пет години потрошиле речиси три милиони евра за патни трошоци

Скопје, 14 февруари 2020 (МИА) – Извештајот од анализата на патните трошоци на пратениците во периодот од 2015 до 2019 година што денеска Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) го презентираше покажува дека вкупниот трошок во овие пет години е 2.895.605 евра.

Членот на ДКСК Катица Николовска образложувајќи ја анализата рече дека се гледа тенденција оти има намалување на трошоците за превоз, со тоа што во 2015 година исплатените надоместоци на пратениците во Собранието за користење на автомобил се 770.883 евра, во 2016 – 698.797 евра, 2017 – 512.000, 2018 – 522.930 евра и 2019 година – 390.993 евра.

ДКСК констатира и дека во анализираниот период, 23 пратеници имаат сопствени станови или станови на име на членови од нивното потесно семејство кои се лоцирани во Скопје, а и покрај тоа тие пратеници примале надоместоци за користење автомобил за доаѓање и враќање на работа, односно за патување до Скопје и назад.

Николовска додаде дека висината на надоместот на закупнина на стан за пратениците изнесува 400 евра месечен бруто износ, а надоместот следува врз основа на писмено барање кое содржи лична изјава заверена кај нотар дека барателот нема во сопственост или под закуп стан или куќа, во површина најмалку од 80 метри квадратни во Скопје.

– Не е јасно на кој начин е утврдено дека помала површина од 80 метри квадратни е услов за да може пратеникот да оствари право на стан под закуп. Дали тоа значи дека ако еден пратеник има два стана од по 75 метри квадратни, пратеникот исто така може да користи стан под закуп. Исто така, со одлуката не е утврдено правото на максимална квадратура за изнајмување во зависност од тоа дали пратеникот живее сам или со семејство. Од договорте за закуп кои ни беа доставени видно е дека за различна квадратура се плаќа ист износ, на пример без разлика на местото, на локацијата и површината на станот, сите подеднакво земаат по 400 евра надомест, плус 100 евра надомест за режиски трошоци, вели Николовска.

За намалување на патните трошоци на пратениците ДКСК предлага натамошно регулирање на оваа проблематика во смисла на консолидирање на законската и подзаконската регулатива и нејзино усогласување со реалните можности на државата и потребите на пратениците утврдување на прецизни критериуми за користење на правата на надоместоци на пратениците по сите основи, а сето тоа да биде поткрепено со методологија со која јасно и недвосмислено ќе се утврди правото, видот и видот на надоместоците кои пратениците можат да ги користат по сите основи. 

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе