Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Според последните податоци, во светот со коронавирус досега се заразени 9.622.256. Од нив починале 487.340, а оздравеле 5.229.029 луѓе.

– Во Србија во последните 24 часа се тестирани 7.311 лица, од кои 137 се заразени со новиот коронавирус.

– Маж на 52-годишна возраст, заболен од COVID-19, почина денеска на Инфективната клиника на Клиничкиот и универзитетски центар на Косово, со што бројката на жртви на новиот коронавирус достигна 41. Вчера беа регистрирани 95 новозаразени и 63 излекувани, а бројот на лица кај кои е откриен вирусот од почетокот на пандемијата изнесува 2.363. Како излекувани се водат 1.171 случај. Активни носители на коронавирусот, според последните официјални информации, се 1.151 лице. Вчера се извршени 311, а вкупно од појавата на пандемијата 22.444 тестирања.

– Во Албанија расте бројот на новозаразени, оздравени но и починати лица. Во изминатото деноноќие потврдени се 78 новозаразени, со што бројката се големи на 2.192, оздравени се 33 или вкупно 1.250, почина едно лице или вкупно 48 лица. Активни на болеста се 894, од нив 76 се на болничко лекување,од кои 14 се на интензивна терапија, додека двајца се интубирани.

– Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 13 нови случаи на COVID-19 и еден смртен случај. Од почетокот на епидемијата заразени се 3.221 лице, а почина 191 лице.

– Од 1.104 тестови во изминатото деноноќие на Кипар е регистриран еден нов случај на COVID-19 и тоа кај лице кое од странство пристигнало во земјата. Бројот на позитивни случаи се зголеми на 992.

– Во Хрватска во последните 24 часа се регистрирани 95 новозаразени со коронавирус, со што вкупниот број од почетокот на епидемијата достигна 2.483 лица. Досега се тестирани 74.657 лица, од кои 919 во последното деноноќие. На болничко лекување се 42 лица.

Вкупниот број починати и натаму е 107, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.

– Во Чешка за еден ден се пријавени 127 случаи, што претставува најголем пораст во последните два месеца. Бројот на заразени се зголеми откако властите ги намалија рестриктивните мерки. Вкупно 10.780 лица се заразени, а 344 починаа.

– Во Обединетото Кралство, според последните податоци на Министерството за здравство, од коронавирус починаа уште 149 лица, со што вкупниот број починати изнесува 43.230. Денеска е забележан благ пад во однос на вчерашниот ден кога починаа 154 лица. Бројот на новозаразени со вирусот  се зголеми за 1.118 на вкупно 307.980.
Обединетото Кралство е петта земја во светот во однос на бројот на заразени лица со COVID-19 по САД, Бразил, Русија и Индија.

Русија потврди 7.113 нови случаи, со што бројот на заразени од COVID-19 достигна 613.994.

– Во Индонезија, бројот на заразени надмина 50.000, а Владата одлучи да отвори некои бизниси поради економски притисоци.

Јужна Африка пријави најголем број новозаразени за еден едн – 5.688 случаи кои се регистрирани во провинцијата Гаутенг, во која спаѓа и Јоханесбург.
Во таа земја, со можеби најостри превентивни мерки во светот, повеќе од 2.200 лица починаа од COVID-19, а речиси 112.000 се заразени.

– Африканскиот континент бележи голем пораст на заразени, со регистрирани 10.000 случаи во последните 24 часа. Според податоците на Центарот за заразни болести и превенција на Африка, вкупно има 326.000 заразени.

Индија во последните 24 часа пријави речиси 17.000 нови случаи и 418 починати, така што во земјата има вкупно 473.894 заразени, а околу 15.000 починати, соопшти Министерството за здравство.

Њу Делхи е најтешко погоден од епидемијата на коронавирусот, каде повеќе од 70.000 граѓани се заразени, па градските власти решија да одат од куќа до куќа и да го прегледаат секој жител, тестирајќи ги оние кои покажуваат или се жалат на симптоми.

Владата стравува дека бројот на заразени може да помине половина милион и ја разгледува можноста луксузните хотели и стадиони да ги претвори во ковид-болници.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе