До Институтот „Торлак“ ќе можеме да се обратиме за секоја нарачка на вакцини, вели Филипче

Институтот за вирологија, вакцини и серуми „Торлак“ од Белград ќе биде местото каде ние за секоја понатамошна нарачка на вакцини може да се обратиме и согласно капацитетот можеме да сметаме дека ќе има доволно количини и за нашите граѓани, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче по посетата на Институтот.

Тој посочи дека на состанокот со српскиот министер за здравство Златибор Лончар, на кој разговарале за важни теми во делот на менаџментот на целокупната криза со COVID-19 и во делот на епидемиолошките мерки, препораки и во делот на третманот на пациенти и инфраструктурата и нејзиното надградување, размениле искуства за пристапот во делот на правење на ковид-центрите, терапевтскиот пристап и разликите кај пациентите според клиничката слика во овој бран споредено со бранот од минатата година.

– Заклучивме дека многу работи се многу слични, односно исти и дека дефинитивно во регионот има практично идентични движења што се однесува до епидемијата. Изразив голема благодарност за донираните вакцини и во таа смисла после разговорот потврдив дека сите српски граѓани кои ќе транзитираат низ нашата земја ќе бидат ослободени од плаќање на патарина како еден гест од наша страна апро по донацијата на вакцини што ја добивме од Србија, истакна Филипче.

Овој Институт, нагласи министерот, е познат по својата експертиза и искуство и постои приближно 100 години.

– Пред неколку години не знаејќи дека доаѓа ваква криза значајно се надградени капацитетите за производство и целокупната машинерија е целосно обновена што сега довело до тоа да бидат подготвени последната фаза од производство на вакцината Спутник V да може да се одвива и тука. Планирани се вкупно милион вакцини на месец од двете компоненти од вакцината на Спутник. Ова е производство што се дополнува на веќе постојното производство на други вакцини како дитепер, БСЖ, а тоа се вакцини со кои Институтот „Торлак“ години наназад ги снабдуваше сите земји на поранешна Југославија, рече Филипче и се заблагодари на домаќините за одличниот прием.

Тој додаде дека соработката, како што и сега се одвива во делот на менаџирањето на ковид-кризата, исто така како што претходно се одвивала во делот на соработката во многу други струки на здравството и медицината, ќе продолжи и понатаму.

Државниот секретар во Министерството за здравство на Србија, Мирсад Ѓерлек рече дека во Институтот „Торлак“ веќе се подготвува производството на вакцините Спутник V.

– Капацитетот ќе биде милион дози на месечно ниво. Ние сакаме да покажеме солидарност, како што тоа го правевме досега кога ги добивавме вакцините од нашите пријатели. Тоа што ќе се произведува во „Торлак“ нема да биде само за потребите на Република Србија, туку и за потребите на целиот регион, а посебно за нашата братска и соседска држава Северна Македонија, потенцира Ѓерлек.

Одговарајќи на новинарско прашање Ѓерлек рече дека очекуваат првите дози да ги произведат меѓу 5 и 10 јуни и се надева до 5 јули да бидат произведени околу милион дози вакцина Спутник V. – Со оглед дека имаме одлични односи со раководството на Северна Македонија се надевам дека ќе можеме да им излеземе во пресрет на сите граѓани кои живеат во Северна Македонија и еден дел да се одвои и за вашите граѓани, посочи Ѓерлек.

Тој потенцира дека вчера во посета на „Торлак“ бил претседателот на СЗО за Европа, Ханс Клуге, кој изјавил дека негов приоритет се сите земји на Западен Балкаа и посебно го поздравил тоа што Србија ќе производува вакцини „Спутник В“, но и на „Синофарм“, која ќе почнат да ја произведуваат многу брзо во кооперација со Обединети Арапски Емирати и со Кина.

– Посебно се заблагодари на нашата држава и на претседателот на солидарноста која ја покажавме во тешки моменти дури и со земјите со кои не сме баш политички во најдобри односи. Ние покажавме дека вакцините не треба да ги ставаме во геополитички терен, туку во спасување на животи, така што исти ни се животите на граѓаните кои живеат и во Србија и тие кои живеат во Северна Македонија, во Албанија, Црна Гора, Република Српска. Мислам дека ние треба да си помагаме едни на други во вакви тешки ситуации. Во Белград имаме четири локации. Во наредните неколку недели ќе се одреди каде ќе се прави фабрика и до крајот на годината ќе се произведува Sinopharm вакцината во Србија, истакна Ѓерлек.

Одговарајќи на новинарско прашање Филипче рече дека ревакцинацијата на нашите граѓани што се вакцинираа во Србија следи по 12 недели од првата доза и тоа ќе биде период кога веќе ќе има доволно количини на вакцини од сите производители.

– Така што на кој било граѓанин ако му е потребна ревакцина, дури и тие дози кои се наменети за нашите граѓани како втора доза, може да ни ги дадат за да не патуваат луѓето. Значи, сите опции се отворени, додаде Филипче. 

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Македонија

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Read more

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Read more

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Read more

Од полноќ пониски цени на горивата

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе