Доделени наградите на 14-тиот МакеДокс и 5-тиот МакеКоПроДокс форум

Фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс со своето 14. издание по осумдневна филмска програма со 75 документарни остварувања прикажани на четири локации во Старата чаршија (Куршумли-ан, Сули-ан и Плато пред Музеј на Македонија) и во МКЦ, на последната вечер на 24 август во Куршумли-ан ги додели наградите за најдобрите остварувања.

Фестивалот секоја година ги доделува наградите Кромид за најдобар филм од Главната програма, Млад кромид за филм од програмата Нови автори, Сечкан кромид за најдобар краток документарец, Кокарче за најдобриот студентски филм и Награда за најдобри етички идеи. Во петте комисии за наградите членуваат 15 интернационални професионалци од документарниот филмски свет.

Комисијата за доделување на наградата Кромид за најдобар филм во Главната програма во состав Наталија Либет, Родолфо Кастиљо - Моралес и Јелена Максимовиќ наградата ја додели на документарниот филм „Помеѓу револуциите“ на романскиот режисер Влад Петри со образложение: „Главната награда ја доделуваме на документарецот, чиј автор и косценаристи задираат преку револуциите и граѓанските немири за да откријат гласови од жени од една далечна ера. Сепак, нивните надежи и желби, љубовта и пријателството ни носат неверојатни емоции нам, модерната публика, сега и овде. Исто така, веруваме дека овој филм ја содржи најсинематската секвенца во оваа селекција на филмови на МакеДокс. Во филмот има и танц и оган кои се среќаваат во двојна експозиција“.

Комисијата додели и Посебно признание на филмот „Нема да исчезнеме“ на украинската режисерка Алиса Коваленко со образложение дека „филмот е приказна за созревањето која нѐ тера да веруваме дека дури и во тешките времиња на војна и неизвесност иднината, сепак, постои и вредна е за исчекување“.

Комисијата за наградата Млад кромид за најдобар филм од програмата Нови автори во состав Лорен Кларк, Владимир Гојун и Рок Бичек наградата ја додели на грузискиот филм „Волшебната планина“ на авторскиот тандем Мариам Чачија и Ник Војт со образложение: „Спомените се нешто кревко, а овој филм покажува како и личните и историските сеќавања можат да бидат распарчени. Филмот нуди свеж и уникатен пристап во истражувањето и ископувањето на личните трауми/ужаси. Филмаџиите го ткаат личното, политичкото и физичкото во визуелно, речиси, клаустрофобично искуство од она што се случило во минатото и сегашноста истовремено укажувајќи кон актуелното“. Посебно признание во оваа категорија доби филмот „Куќата за талкачки души“ на шпанскиот автор Пабло Лаго Дантас.

Во категоријата за краткометражни документарци комисијата во состав Марина Костова, Барбара Орлич-Шчипула и Драган Вон Петровиќ наградата Сечкан кромид ја додели на визуелно восхитувачкиот и маестрално режиран краток документарец „Излез“ на руските автори Евгенија Арбугаева и Максим Арбугаев со образложение: „На еден далечен арктички брег во една запустена колиба, еден осамен човек ги поминува деновите чекајќи нешто. И кога нешто ќе се случи, сликите, речиси, надреалниот арктички свет со стотици илјади моржови на брегот одеднаш откриваат шокантни последици од климатските промени“.

Посебно признание во селекцијата на кратки документарци доби „На работ на водата“ на шпанските автори Мариа Елорка и Ињиго Салабериа заради „личната контемплативна приказна за креативниот процес и времетечението раскажана низ обмислена структура, користејќи архивски снимки кои документираат промени предизвикани од човечки фактор низ текот на времето“.

За наградата Кокарче за најдобар студентски филм одлучуваше комисијата во состав Марко Грба Синг, Стефани Фухс и Витеслав Чованец, а наградата ја додели на „Ачевик, песната на храбрите жени“ на Елина Кастлер, бидејќи „филмот се занимава со темата на исцелување и тага на еден непретенциозен и прониклив начин. Филмот е сведоштво за силата и отпорноста на жените, но тој е и чувствително и поетско истражување на единството и моќта на музиката да излечи и да трансформира“.

Посебно признание од селекцијата на студентските филмови доби „Силосот“ (Budapest Silo) на Жофиа Пацолај од Унгарија. Жирито беше импресионирано од слоевитото портретирање на протагонистот Јозеф. Филмот не затвора очи пред суровата реалноста на тешката работа, но ја покажува човечноста во неа, како и издржливоста и посветеноста. Одбивајќи да се откаже од неговиот сон за подобар живот, ова е моќно и трогателно сведоштво за човечкиот дух.

Комисијата за наградата за филм со најдобри етички идеи во состав Андреас Јунсен, Серџо Трефо и Васко Маглешов наградата ја додели на „На Адаман“ на Николас Филибер со зборовите „Едноставен. Прекрасен. Совршен.“ Станува збор за филмско остварување кое го портретира уникатниот центар за грижа кој плови сред реката Сена во срцето на Париз. Таму се добредојдени возрасни луѓе што страдаат од психички нарушувања за да се поврзат со времето и просторот околу себе, да закрепнат и да се поткренат, а тимот што го води центарот на сите можни начини дава отпор кон дехуманизацијата и уништувањето на психијатријата.

На статуетките кои им беа врачени на наградените автори се аплицирани различни форми на кромид, кој со својата слоевитост е симбол на Фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс. Автор на статуетките е Андреј Марјановиќ.

Во индустрискиот дел од фестивалот, Петтото издание на МакеКоПроДокс форумот се одржа од 21 до 23 август во Младинскиот културен центар. Во агендата на форумот беа реализирани работилница за монтажа со данскиот монтажер Јеспер Осмунд заедно со данскиот критичар Ту Стин Милер, мастеркласовите на монтажерот Владимир Гојун и режисерката Мила Турајлиќ, се одржа панел-дискусија за монтажата, имаше пичинг-сесија на 11 проекти во фаза на продукција и беа претставени можностите за аплицирање на конкурсите на балканските филмски центри, фондови и агенции.

На форумот беа доделени и награди, а за првпат беше дадена и парична награда од „Инфо-Код“ за српскиот проект „Exchange or How I survived puberty“. Истиот проект доби награда и од Документарното здружение на Европа. Мрежата „Doc Around Europe“, каде МакеДокс членува заедно со ДоксБарселона, Фипадок и Док.фес Минхен додели награди за проектите „Аделина“ од Косово, „Анималиум Истанбул“ од Турција и „I Don’t Want“ од Северна Македонија. МИА Форум додели награда на проектот Con 24000 Baci. Наградите се однесуваат на акредитација за учество во индустрискиот сегмент на фестивалите од мрежата.

Годинашното издание на МакеДокс со мотото #пресечи (#cutit) се одржа од 17 до 24 август со тематски фокус на монтажата на документарниот филм. На фестивалот присуствуваа над 100 гости и филмски автори од странство.

Годинава фестивалот МакеДокс беше поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија, Програмата МЕДИА на „Креативна Европа“, Националната фондација за демократија од Вашингтон, Министерството за култура, Институтот „Јунус Емре“ - Скопје, Чешката Амбасада во Скопје, Чешкиот културен цeнтар во Софија, Амбасадата на Кралството Шпанија, Францускиот институт, Грчкиот културен центар, Данскиот филмски центар, МЕДИА деск МК, Документарното здружение на Европа, „Вардар филм“, Младинскиот културен центар, Музеј на РСМ, Археолошки музеј, Факултетот за ликовни уметности при УКИМ, Националната галерија на РСМ, такси „Глобал“.

Медиумски покровители на МакеДокс се МТВ - Прв програмски сервис, Слободен печат, Нова Македонија, Кајгана Медиа, Еспресо.мк, МКД.мк, УМНО.мк, СДК.мк, Плус Инфо, Окно, Офф.нет, Е-магазин, Лице в лице, Радио МОФ, Радио Џез ФМ, Радио Канал 103, Радио Антена5, Радио Бубамара, Лајф Радио, Поп-ап, Види Вака, Гледај.мк и Култура Бета.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Култура

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Read more

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Read more

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Read more

Распишани конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе