Доделени Златните глобуси: Ова се најдобрите серии и филмови за 2020

Златниот глобус за најдобра драма му припадна на „Nomadland“, најдобра комедија за 2020 е „Borat 2“, додека серијата „Crown“ освои најмногу награди.

Со оглед на пандемијата, седумдесет и осмото доделување на Златните глобус се одржа виртуелно од две локации, Њујорк и Лос Анџелес.

„Nomadland“ на режисеркара Клои Жао освои Златен глобус за најдобра драма. Претходно, Американското национално здружение на филмските критичари го прогласи филмот за најдобар во 2020.

Жао ја освои наградата за најдобар режисер, со што стана втората жена во историјата на Златните глобуси кои имаат освоено вакво признание.

Во категоријата најдобар филм – мјузикл или комедија наградата ја освои „Borat Subsequent Moviefilm“ (Borat 2) со Саша Барона Коен во главната улога на новинар од Казахстан кој носи подарок за американскиот потпретседател Мајк Пенс.

Коен ја освои и наградата за најдобар актер во категоријата комедија или мјузикл, додека за најдобар актерка во истата категорија наградата ја доби Росамунд Пајк.

Серијата „Crown“ на Netflix, која го прикажува животот на британското кралско семејство, е прогласена за најдобра серија за 2020. Ема Корин, која во серијата ја глуми младата принцеза Дијана, е прогласена за најдобра актерка во драмска ТВ-серија. Во категоријата најдобар актер во драмска серија Златниот глобус замина во рацете на Џош О’ Конор, кој во „Crown“ ја толкува улогата на принц Чарлс.

Џилијан Андерсон доби Златен глобус за споредна женска улога во „Crown“, за нејзината изведба во улогата на поранешната премиерка Маргарет Тачер.

Главните награди во телевизиските категории ги освоија сериите „Schitt’s Creek“, приказна за богато семејство принудено да се пресели во мал град, „Queen’s Gambit“.

Корејско-американскиот филм „Minari“ освои Златен глобус за најдобар странски филм.

Американската актерка и активистка Џејн Фонда доби награда за животно достигнување во филмската индустрија.

Погледнете ги највпечатливите моменти од виртуелното прогласување на наградите:

Remote video URL
Remote video URL
Remote video URL

 

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Филм & ТВ

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе