Договорена пријателска против Чешка во јуни

Филип Здравески
/ 31.01.2024 / 18:23

Она што веќе беше извесно, сега се официјализира. Чешка и Македонија ќе одиграат пријателски натпревар на 10 јуни во Прага.

Фото: ФФМ

За овој дуел со Чешка се зборуваше уште кога ФФМ откри дека е договорена пријателска на 3 јуни против Хрватска во Риека. Остануваше само Чешката федерација да го потпише договорот, што конечно се случи.

„Фудбалската федерација на Македонија постигна договор за одигрување на контролен натпревар помеѓу македонската репрезентација и селекцијата на Чешка“, објави ФФМ на својата веб-страница. Натпреварот го потврди и чешката страна на веб-страницата на ФАЧР.

Со тоа се комплетира јунскиот прозорец, кој ќе биде последен тест за Македонија пред новата сезона во Лигата на нации, која почнува во септември.

Од договорената контролка задоволен е и селекторот Благоја Милевски.

„Мило ми е што постигнавме договор со Чешката фудбалска федерација да одиграме натпревар кој ќе биде одличен тест за двете селекции. Противникот бараше натпревар против нас, а тоа е потврда и за нашиот квалитет. Репрезентација на Чешка, учесник на претстојното Европско првенство, ќе биде поттик за нашата репрезентација да влезе во натпреварувачки ритам пред да започнеме со официјалните натпревари од новото издание на Лига на нации. Чешка има силен тим, но сакаме да видиме каде сме во тој момент и што треба уште да подобриме во пресрет на отворањето на Лигата на нации. Сигурен сум дека гледачите ќе уживаат во квалитетен натпревар“, изјави селекторот на македонската репрезентација.

Македонија ќе игра и во март, два натпревара, а најверојатно ќе се оди во Анталија каде ќе се игра против Црна Гора и Молдавија.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Фудбал

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе