Како што јавува српскиот портал Mondo, утринава во две основни училишта во српската престолнина пристигнале дојави за поставени експлозивни направи.
Дојавите за поставени бомби пристигнале во основните училишта „Веселин Маслеш“ во населбата Вождовац и во „Лазар Саватиќ“ во Земун. Родителите биле известени да дојдат за да си ги земат децата.
Денеска во Скопје во дури 31 училиште пристигна пријава за бомба, по што учениците наставата ја продолжија онлајн дома.