Доларот ослабе во однос на еврото

На девизниите пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути остана речиси непроменета минатата недела, а осцилациите на доларот најмногу зависеа од шпекулациите за тоа кога американската централна банка ќе почне да ги намалува каматните стапки.

Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, остана речиси непроменет на неделно ниво, на 102,44 поени.

Истовремено, доларот ослабе за 0,1 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,0950 долари. Сепак, курсот на доларот порасна во однос на јапонската валута, за 0,2 отсто, на 144,90 јени. Во средината на неделата доларот зајакна во однос на кошничката валути, откако беше објавено дека потрошувачките цени во САД во декември пораснале за 0,3 отсто на месечно ниво, додека тие зајакнале за 3,4 отсто на годишно ниво.

Повисока стапка на инфлација од очекуваното

Ова е повисока стапка на инфлација од очекуваното, па стивнаа шпекулациите дека ФЕД ќе почне да ги намалува каматните стапки веќе во март. Сепак, во петокот беше објавено дека во декември продажните цени неочекувано паднале за 0,1 отсто на месечно ниво, додека пораснале за 1 отсто на годишно ниво.

Тоа ги обнови шпекулациите дека ФЕД ќе започне со намалување на каматните стапки во март, иако претставници на ФЕД велат дека се уште е рано за намалувања бидејќи инфлацијата и понатаму е висока.

Наскоро се очекува првото намалување на каматните стапки во еврозоната. Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, минатата недела изјави дека најлошото од инфлацијата веројатно помина и дека каматните стапки ќе се намалат доколку инфлацијата падне на ниво од 2 отсто.

Тагови
реклама

Бизнис

Цените на нафтата се задржаа над 83 долари

Read more

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more
 

Вести

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Читај повеќе

Бонови за точење гориво, оштетени банери, поткуп и мито: Пријавени нерегуларности за време на предизборниот молк

Читај повеќе

Даштевски: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

Читај повеќе

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Читај повеќе

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе