Доларот зајакна, цената на нафтата падна

Цените на кинеските акции паднаа денеска трет ден по ред, бидејќи инвеститорите се загрижени за бавниот раст на втората по големина економија во светот, додека другите регионални берзи го следеа растот на Волстрит.

Индексот MSCI на азиско-пацифичкиот регион беше во минус од 0,3 отсто околу 07:00 часот, слабеејќи трет ден по ред. Во исто време, индексот Никеи порасна за 0,8 отсто на берзата во Токио, додека цените на акциите во Австралија пораснаа за 0,5 отсто. Во Јужна Кореја, Шангај и Хонг Конг тие паднаа меѓу 0,2 и 1,2 отсто.

Кинеските берзи сè уште се под притисок поради неодамна објавените податоци кои покажаа дека економијата на земјата закрепнува од кризата со корона побавно отколку што се надеваа инвеститорите.

Ова е последица на слабоста и на домашната и на странската побарувачка. И странската побарувачка нема да закрепне се додека централните банки на западните земји ги зголемуваат каматните стапки поради високата инфлација, која го забавува растот на економиите.

Берзанските индекси во Јапонија и Јужна Кореја го следат вчерашниот раст на Волстрит. Dow Jones зајакна за 1,1 отсто, додека S&P 500 порасна за 0,7 отсто, а Nasdaq индексот за 0,8 отсто.

Истовремено, најмногу порасна индексот S&P 500 на банкарскиот сектор, 1,9 отсто, достигнувајќи го највисокото ниво од почетокот на март, кога секторот го потресе неуспехот на неколку банки.

Morgan Stanley, Bank of America, Bank of New York Mellon и голем број други банки вчера објавија подобри квартални оперативни резултати од очекуваните. Опкружувањето со покачени каматни стапки, стабилен пазар на труд и економски раст го фаворизира бизнисот на банките.

„Сите банки кои објавија резултати денес постигнаа повисоки профити и повисоки приходи од очекуваните. Аналитичарите ги намалија своите проценки, па банките можеа позитивно да изненадат“, објаснува Тим Гриски, стратег во Ingalls & Snyder.

Покрај банкарскиот сектор, вчера силно порасна и технологијата, за 1,3 отсто, при што цената на акциите на Microsoft скокна за речиси 4 отсто, на рекордни нивоа.

Позитивно на пазарот влијаеше и информацијата за натамошен раст на потрошувачката на мало, но побавен од очекуваното. Ова значи дека инфлациските притисоци би можеле дополнително да ослабат и дека американската централна банка наскоро би можела да го прекине циклусот на зголемување на каматните стапки.

Се очекува дека ФЕД овој месец повторно ќе ги зголеми каматните стапки за 0,25 процентни поени и дека ова ќе биде последното зголемување во циклусот, кој трае повеќе од една година.

А на валутните пазари благо порасна вредноста на доларот во однос на кошничката на валути. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 99,94 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 99,84 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 138,65 на 138,85 јени.

И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,1230 долари, додека вчера во ова време беше 1,1256 долари.

Цените на нафтата, пак, загубија дел од вчерашните добивки. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се лизна за 0,26 отсто, на 79,42 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,46 отсто, на 75,45 долари.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе