Донација од ЕУ за МВР во вредност од околу четири милиони евра

Македонската полиција доби квалитетна опрема со која ги зголеми своите капацитети, а со тоа и безбедноста на границите на Република Македонија, рече министерот Оливер Спасовски на денешното доделување на донацијата од Европската Унија за Министерството за внатрешни работи на граничниот премин Богородица.

Донацијата вредна 3.742.000 евра се состои во осум комбиња, осум патнички возила, осум четирицикли и пет специјални возила за надзор на границата со термални камери, од кои едно опремено и со радар, 100 рачни радиотерминали и програмски алатки за утврдување параметар на радиотерминали, 250 рачни „Стоп полиција“ палки со лед светла, четири детектори за срцево отчукување, четири рачни скрининг системи за карго товар и проверка на возила, шест системи за проверка на валидност на документи – ВИСПЕК, комуникациска мрежа, како и локално распоредлив координативен комуникациски центар, мобилен систем за надгледување со ЕО-ИР камери и радар.

„Сакам да го изразам моето задоволство што денеска можеме да ја промовираме оваа опрема што е исклучително значајна за безбедноста на границата, а со тоа и за граѓаните на Република Македонија. Оваа вредна донација уште еднаш го покажува партнерството меѓу Република Македонија, Европската Унија и Меѓународната организација за миграции“, рече Спасовски.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар рече дека самиот слоган „ЕУ за тебе“ значи дека Европската Унија е тука за да ѝ помогне на нашата земја да се справува со предизвиците.

„Со оваа донација полицијата ќе биде поподготвена да се справува со предизвиците со кои се соочува на границата. Европската Унија останува посветена на давањето поддршка за да може полесно да се справите со овие предизвици“, рече  Жбогар.

Спасовски и Жбогар во седиштето на општина Гевгелија имаа и средба со градоначалникот Сашо Поцков.  Министерот ја посети и полициската станица во Гевгелија, каде што беше информиран дека безбедносната состојба во општината е на задоволително ниво, а беше запознаен и со условите и проблемите со кои се соочуваат полицајците при извршувањето на нивните задачи.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе