Српскиот интернационалец и напаѓач на Фулам, Александар Митровиќ, доби огромна казна откако физички го нападна судијата на натпреварот од ФА купот против Манчестер Јунајтед. Тој доби суспензија од 8 натпревари.
Ова е една од најстрогите казни во фудбалот, а многумина ја споредуваат со казната што ја доби Луис Суарес кога расно го навредуваше Патрис Евра, или кога Џон Тери му го направи истото на Рио Фердинанд.
Казнет е и менаџерот на Фулам, Марко Силва, кој ќе мора да пропушти два меча.
До крајот на сезоната во Премиерлигата, Фулам треба да одигра уште 10 натпревари.