Дрон се сруши во Загреб, експерт вели дека долетал од Украина

Хрватскиот портал Index.hr, водејќи се од добро упатени извори и според досега собраните информации до кои дошле надлежните служби при истрагата, објави дека на загрепски Јарун паднало беспилотно летало.

Нешто по 23 часот синоќа, во Загреб се слушнал силен тресок. Набрзо било откриено дека во близина на студентскиот дом „Стјепан Радиќ“ нешто удрило во земјата и создало голем кратер. Делови од конструкцијата останале во земјата, за кои се покажало дека припаѓаат на летало.

Една од можностите беше дека тоа е објект од вселената, на пример, дел од сателит. Сепак, досегашната истрага укажува дека сепак се работи за беспилотно летало.

Како што дознава Index.hr, со двата падобрана најдени на две локации на Јарун, на повеќе од еден километар од местото на големиот кратер, не слетале луѓе, туку веројатно делови од леталото во кои се чуваат податоци.

Се појавија само неофицијални информации дека во текот на истрагата било утврдено дека на делови од авионот има петокраки и натписи на руска кирилица, но официјална потврда за тоа нема.

Нема потврда за каков дрон се работи.

URL

Експерт за воена авијација: Верувам дека е беспилотно летало Ту-141 и пристигнало од Украина

Но, на тоа прашање можеби одговори Тајлер Роговеј, експерт за воена авијација и уредник на The War Zone на порталот The Drive. Тој напиша дека детално ги проучувал визуелните докази од фотографиите и снимките од Загреб и дека „силно верува“ дека се работи за Ту-141, беспилотно извидувачко летало. Роговеј смета дека дронот Ту-141 се расипал и од Украина ја поминал цела Унгарија или делови од соседните земји, сè до Хрватска.

Објавено е дека Украина лансирала брзи беспилотни летала од советската ера во последните денови по руската инвазија на земјата. Украина е единствениот познат актуелен оператор на Ту-141, пишува Роговеј. Тој вели дека твитерџијата  Darkstar_OSINT бил првиот што предупредил за мистериозната несреќа во Загреб и можноста беспилотното летало да е од Украина и дека прегледот на останките и достапните извештаи заклучил дека само едно летало одговара на деловите пронајдени во Загреб и дека тоа е Ту-1421.

Едното крило, пишува тој, останало главно недопрено, што овозможило да се потврди сомнежот дека се работи баш за тој дрон.

„Сепак, фактот што овој дрон одлетал толку далеку од курсот е и збунувачки, и алармантен. Но, тоа не би било прва загуба на Ту-141 во војната. Уште еден падна во Украина пред само неколку дена“, пишува Роговеј.

Ту-141 е фасцинантно парче хардвер од советската ера што Украина го надгради и го искористи по инвазијата на Крим во 2014 година. Леталото е повеќе крстаречки проектил отколку традиционален дрон.

Доколку овие шпекулации навистина се покажат точни, падот на советскиот дрон што се користи во Украина би бил еден од најбизарните настани досега во руско-украинската војна.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Регион

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Read more

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Read more

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Read more

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе