Дваесетина американски држави го тужат Бајден поради блокирање изградба на гасовод

МИА/КАЈГАНА
/ 18.03.2021 / 08:42

Главни обвинители од 21 американска држава поднесоа тужба против администрацијата на претседателот Џо Бајден во врска со указот за блокирање на изградбата на гасоводот Keystone XL на границата меѓу САД и Канада.

Тоа го објави јавниот обвинител на Тексас, Кен Пакстон.

Од тужбата станува јасно дека Бајден „нема еднострано овластување да ја менува енергетската политика утврдена од Конгресот на САД“. Во нивниот случај, кој беше поднесен пред Федералниот окружен суд во Тексас, главните обвинители побараа укинување на наредбата на Бајден за блокирање на нафтоводот.

„Одлуката за доделување или одбивање на дозвола за изградба или управување со нафтовод преку меѓународната граница со Канада е регулација на меѓудржавна или меѓудржавната трговија. Според уставот, Конгресот има моќ да ја регулира меѓународната или меѓудржавната трговија, а не претседателот”, наведуваат обвинителите во тужбата.

URL

Набргу по стапувањето на должност, Бајден потпиша указ за блокирање на изградбата на гасоводот Keystone XL на границата со Канада и САД. Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека Канада е разочарана од тој потег. Премиерот на канадската провинција Алберта, Џејсон Кени, дури го повика Трудо да се осигура дека декретот на американскиот претседател Џо Бајден ќе има пропорционални економски последици за Вашингтон.

Поранешниот шеф на Стејт департментот, Мајк Помпео претходно го коментираше одбивањето на новата американска администрација за изградба на гасоводот Keystone XL од Канада до САД. Според него, со таа одлука, демократите „уништија 10.000 работни места“.

URL
Тагови
реклама

Свет

Санчес не му крева на Мерц: Биравте погрешен број

Read more

Русија гради нуклеарен контејнерски брод за арктичкиот коридор

Read more

Русите не се плашат од бомби: Продолжуваат да градат нуклеарки во Иран

Read more

Португалски полицајци осомничени за мачење и силување, деветмина во притвор

Read more
 

Вести

Санчес не му крева на Мерц: Биравте погрешен број

Читај повеќе

Русија гради нуклеарен контејнерски брод за арктичкиот коридор

Читај повеќе

Насилство меѓу малолетници-чираци во берберница во Арачиново

Читај повеќе

Извлечено тело на жена од Вардар во Скопје

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Грција

Читај повеќе

Русите не се плашат од бомби: Продолжуваат да градат нуклеарки во Иран

Читај повеќе

Португалски полицајци осомничени за мачење и силување, деветмина во притвор

Читај повеќе

166 милиони денари повеќе во буџетот на Скопје: Кружен тек кај Народна банка, две катни гаражи во Клинички

Читај повеќе
  • play_arrow

Тетовецот Рене Реџепи се повлекува од Noma, го обвинуваат за малтретирање на вработените

Читај повеќе