Синоќа околу 17.10 часот на железничката пруга Скопје – Кичево, на див премин во близина на ул. „Качанички пат“, се случила железничка несреќа меѓу патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје-Кичево, управуван од машиновозачот Д.М. (54) од Скопје и ПМВ „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Е.(32) од с.Танушевци, скопско.
Во несреќата со повреди се здобиле возачот на патничкото возило и сопатникот С.А. (27) од с.Мојанце, кој по укажаната лекарска помош ГОБ „8-ми Септември“, поради сериозноста на повредата е испратен и задржан на КАРИЛ при Клинички центар „Мајка Тереза“.
Железничкиот сообраќај е нормализиран во 21.03 часот.