Двајца руски олигарси најдени мртви заедно со нивните семејства

Двајца руски олигарси беа најдени мртви заедно со нивните сопруги и деца со разлика од еден ден на две страни од Европа. Едниот во Москва, а другиот во Шпанија.

Владислав Аваев, поранешен потпретседател на Газпромбанк, беше најден мртов од прострелна рана во неговиот стан во Москва во понеделникот, јави руската државна новинска агенција ТАСС.

Одделот за истраги во Москва не ги наведе имињата на жртвите во соопштението за случајот, но ТАСС наведе дека неименуван извор го потврдил нивниот идентитет.

Инспекторите во соопштение напишаа дека ја претпочитаат теоријата дека Аваев ги убил сопругата и ќерката, а потоа и себе.

URL

На другата страна на Европа, во Шпанија, уште еден олигарх, Сергеј Протосења, е пронајден обесен, а неговата сопруга и ќерка се избодени до смрт, објави шпанската телевизија Telecinco. Неговото тело беше пронајдено во вторникот. До него биле најдени крвав нож и секира.

URL

Протосења е поранешен потпретседател и главен сметководител на Новатек, голема компанија за гас која тесно соработувала со Газпромбанк.

Тој, неговата сопруга и ќерката, за време на Велигден престојувале во изнајмена луксузна вила во Љорет де Мар, крајбрежен каталонски град. Неговото богатство се проценува на 400 милиони евра, а неговото семејство претежно живеело во Франција.

Каталонската полиција потврди дека истражува три смртни случаи, без да ги наведе имињата на жртвите.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе