Две деца се повредени во сообраќајна несреќа во Кавадарци, откако автомобил управуван од 32-годишна жена удрил во ѕид од куќа.
За несреќата информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
„Вчера во 16:30 часот сe случи сообраќајна незгода на ул. „Ќиро Спанџов“ во Кавадарци, во која автомобил Mercedes, со кавадаречки регистарски броеви, управуван од С.М.(32) удри во ѕид од куќа, при што, С.М. е повредена. Исто така, повредени се и сопатниците, две деца од три и четири години. Повредените се пренесени во болницата во Кавадарци. Извршен е увид на местото на настанот“, појасни Додевски.