Две марки автомобили се крадат со шрафцигер и USB кабел

Годинава, благодарение на социјалните мрежи, крадците најдоа слаба точка на автомобилите на два производитела, а бројот на кражби драстично се зголеми.

На удар се одредени модели на Hyundai и Kia произведени од 2011 до 2022 година, кои поради цената не се опремени со имобилизатори, односно електронско блокирање на моторот. Според најновите податоци, овие автомобили се крадат двојно почесто од другите, па така од американскиот ИИХС (Институт за осигурување за автопатска безбедност) пишуваат дека интензитетот на кражба на возилата на Hyundai и Kia кои не се опремени со имобилизатори е зголемен на 2,18 украдени автомобили на 1.000 осигурени автомобили.

Иако кодираните клучеви постојат уште од 90-тите, клучевите без имобилизатори со години се нудат на некои поевтини модели. Кога станува збор за корејските автомобили, ова се однесува на пример на Kia Rio, Kia Sportage и Hyundai Accent на американскиот пазар. Во моделската 2015 година, други производители го инсталираа имобилизаторот на 96% од автомобилите, додека кај Hyundai и Kia тој процент е само 26%, пишува Fortune.

Сѐ започна пред речиси две години, кога започна да се шири предизвикот на TikTok, кој повикуваше на кражба на овие возила. Прв на удар беше Милвоки, па 66% од скоро 10.500 украдени возила беа Kia или Hyundai. Работата да биде уште полоша, овие марки најчесто ги крадеа тинејџери, а тоа беше само за забава. Наскоро приказната за Kia Boys крадците се прошири и во други земји.

Момците од каналот Donut Media решија сами да се обидат да украдат Hyundai, следејќи ги „видео инструкциите“. Притоа, тие следеа покомплициран метод, полека отстранувајќи го пластичниот капак за да се оддели контактната брава. Во пракса, доволно е да се извади пластиката и да се отстрани контактната брава со притискање на еден осигурувач. Потоа се открива јазичето за палење, во кое совршено „се вклопува“ USB-портата. Доволно е да го вметнете и да го свртите надесно. И тоа е тоа, моторот работи, а воланот е отклучен.

Remote video URL

Шокантно едноставно, не е ни чудо што многу сопственици на дотичните возила се загрижени. Hyundai понуди решение, безбедносен комплет за 170 долари, но со трошоците за инсталација вкупните трошоци се искачуваат на 500 долари. Од Kia допрва треба да се огласат.

Тагови
реклама

Авто новости

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Read more

Колку е навистина реално автоматското возење?

Read more

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Read more

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе