Две опции за државната матура предложени на дебатата во Собранието

Две опции се предложени на дебатата за државната матура што денеска ја организираше собранискиот Клуб за младински прашања и политики – матурантите да полагаат два екстерни испита, а за интерните да добијат просечна оценка од четирите години во средно образование или да се полагаат предметите по скратени програми.

Пратеничката од ЛДП Моника Зајкова изјави дека предложните опции би требало да бидат прифатливи за сите засегнати страни, и за матурантите, и за МОН и Владата, посочувајќи дека тоа се оптимални предлог-решенија кои се отвориле на денешната дебата.

– Да полагаат два екстерни предмета, додека за интерните испити да им биде впишана просечна оценка од четиригодишното школување. Скратувањето на програмите произлегува од претходно скратената настава поради КОВИД-кризата, неможноста соодветно да се следат сите предавања, како и оскудните технички услови на дел од средношколците, рече Зајкова.

Претседателот на Сојузот на средношколците Бленди Ходаи изјави дека за нив е прифатлива првата опција, но конечна одлука ќе донесат по состанок со членството.

– За два интерни предмета ќе треба да се напише просечна оценка од минатите четири години во средно образование. Ќе дискутираме во Сојузот и ако тоа се прифати, ние ќе пратиме образложена форма до Владата и до пратениците, изјави Ходаи.

Во понеделникот Сојузот го прекина привремено бојкотот во очекување одлука во Собранието каде што е доставен Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за средно образование, а во вторникот на нивно барање имаа средба со премиерот Зоран Заев на која разговараа за измени на концептот на државната матура.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе