Две серии доминираа на доделувањето на наградите Еми

По четиримесечно одложување поради штрајковите во Холивуд, американските ѕвезди се собраа синоќа во Лос Анџелес на 75-тото доделување на наградите Еми.

Драмската серија Succession е прогласена за најдобра на наградите Еми во Лос Анџелес, со триумф на актерите, а The Bear ја доби наградата за најдобра хумористична серија.

Телевизискиот еквивалент на Оскарите обично се одржува во септември, но организаторите одлучија наместо тоа да го одржат во јануари бидејќи веруваа дека дотогаш штрајковите на актерите и сценаристите ќе завршат и најголемите ѕвезди ќе можат повторно да се појават на црвениот тепих.

Remote video URL

Succession, мрачна и остра хроника на внатрешните расправии на богато дисфункционално семејство на чело на голема медиумска империја, имаше 27 номинации, а заврши со вкупно шест Еми награди, колку што доби The Bear. Succession заврши минатата година по четири сезони.

Серијата Succession ги освои и наградите за најдобар главен актер и актерка во драмска серија, тие ги добија Киеран Калкин и Сара Снук. А наградата за најдобра машка споредна улога ја доби британскиот актер Метју Мекфадиен за улогата во Succession.

Еми за најдобра споредна женска улога и припадна на Џенифер Кулиџ за сатирата The White Lotus. Додека Succession доминираше во категориите драма, The Bear освои шест награди во категоријата комедија, а Beef на Netflix доминираше во категоријата кратки серии.

Remote video URL

The Bear - освен што ја освои наградата за најдобра хумористична серија - доби и три актерски награди: Џереми Ален Вајт доби Еми за најдобар главен актер, а Ајо Едебири и Ебон Мос-Бахрач за најдобра споредна женска улога и најдобар спореден актер.

Најдобра актерка во хумористична серија е Квинта Брансон (Abbott Elementary). Сер Елтон Џон ја доби својата прва Еми награда, со што стана EGOT - добитник на награди Еми, Греми, Оскар и Тони.

Remote video URL

Списокот на сите наградени можете да го погледнете на овој линк.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Филм & ТВ

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе