Двегодишно девојче по 24 часа спасено под урнатините во Турција

Припадниците на спасувачките служби по 24 часа од катастрофалниот земјотрес во Елазиг под урнатините спасија две и полгодишно девојче.

Спасувачките екипи во еден момент чуле глас под урнатините на зграда во населбата Мустафа Паша. Набргу воспоставиле контакт со жена која им кажала дека со неа под урнатините има и дете, пренесува Анадолија.

Жената со расплакан глас молела за помош, велејќи дека повеќе не може да издржи. Спасувачките екипи ги вложиле сите сили и ископале тунел од каде успеале да дојдат до местото и да го извлечат девојчето, кое е префрлено во болница. Спасена е и мајката.

Според најновите податоци, урнати се вкупно 72 згради во земјотресот, додека 514 се со голема оштетеност, а 409 со помала.

И понатаму трае потрагата по спасување на преживеаните под урнатините.

Денеска се случи уште еден земјотрес во провинцијата Елазиг, со јачина од 5,1 степени по Рихтер.

реклама

Свет

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Read more

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Read more

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Read more

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Читај повеќе

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе