Пари Сен Жермен гостуваше кај Макаби од Хаифа во 2. коло од Лигата на шампионите и славеше победа од 3:1 по пресвртот во режија на головите на трите најистакнати ѕвезди на клубот Лионел Меси, Килјан Мбапе и Нејмар.
Натпреварот беше можност и децата кои ги придружуваат фудбалерите на теренот да се доближат до некои од нивните идоли, а нивната еуфорија беше неизмерна кога им пријде легендата Меси.
Додека некои од играчите можеа мирно да поминат покрај децата бидејќи овие не покажаа интерес да ги поздрават, сè се промени кога пристигна Аргентинецот.
Камерите го уловија неверувањето, чудењето и возбудата на децата кои побрзаа да го гушнат Меси.