АТП МАДРИД 2024

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Макфакс/Кајгана
/ 01.05.2024 / 23:11

Шпанските навивачи на Мастерсот во Мадрид, по елиминацијата на Рафаел Надал доживеаја уште едно разочраување. Бранителот на трофејот Карлос Алкарас не успеа да се пласира во полуфиналето.

По два часа голема борба, во три сета, Алкарас загуби од Андреј Рубљов. Рускиот тенисер славеше со пресврт 4:6, 6:3, 6:2.

Првиот сет Алкарас го реши во своја корист со брејк кој го направи во петтиот гем откако спаси брејк топка што ја имаше неговиот ривал во вториот.

Шпанецот имаше две сет топки на сервис на Рубљов во деветтиот гем, но сепак мораше да ја заврши работата и да го добие сетот на свој сервис.

Рубљов нападна на стартот од вториот сет. Во вториот гем пропушти четири брејк можности, но не и петтата. Русинот можеше да го удвои брејкот во шестиот гем кога имаше три брејк топки, но Алкарас се извлече.

Потоа Рубљов спаси две брејк топки во седмиот гем, за да ја искористи втората сет топка во деветтиот и да го внесе мечот во третиот сет.

Решавачкиот дел од натпреварот беше и најкраток. Рубљов направи брејк во првиот, а потоа уште еден во петтиот и се пласира во полуфиналето.

Remote video URL

Во полуфиналето Русинот ќе игра против подобриот од мечот во кој се среќаваат Тејлор Фриц и Франсиско Серундоло.

реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Каков нов симбол се појави на руските тенкови?

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Тенис

Informer: Ѓоковиќ тајно примен на Ургентен во Белград

Read more

Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Read more

Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата

Read more

Ѓоковиќ го боли ударот од шишето: По дебаклот во Рим најави дополнителни прегледи

Read more
 

Спорт

Жирона мора да реши еден проблем доколку сака да игра во Лигата на шампиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Со гол од корнер во 90+ Љуботен го освои женскиот куп против Саса

Читај повеќе
  • play_arrow

Синот на Леброн им се претстави на НБА тимовите: Лажел дека е 9 см повисок

Читај повеќе

Еден од клучните играчи го напушта Баер Леверкузен

Читај повеќе
  • play_arrow

Првото Светско клупско првенство за жени во 2026 година

Читај повеќе

Informer: Ѓоковиќ тајно примен на Ургентен во Белград

Читај повеќе

Како пензионираниот Азар уште ја полни касата на бившиот клуб?

Читај повеќе

Голем удар за Аѕурите: Ѕаниоло го пропушта ЕУРО

Читај повеќе
  • play_arrow

Пензионерот Ибра уште држи лекции по фудбал

Читај повеќе