Една боја моментално е најголем моден хит, дали веќе ја имате во вашиот плакар?
Ќе остави ефективен впечаток на вашата силуета, а можете да ја комбинирате и со светкави материјали, да речеме за вечерно излегување и ќе оставите особено ефективен впечаток.
Нежна, ненаметлива и префинета, ледено сината нијанса е идеален избор за последните денови од зимата, но и за претстојната пролетна сезона. Воедно е суптилна и впечатлива, па токму затоа и следната сезона ќе доминира на модната сцена и нашите гардеробери.
Некои од најубавите парчиња во ледено сина боја веќе може да се најдат во колекциите на high street брендовите. Изгледа многу привлечно и шармантно и сигурно ќе внесе доза освежување во секојдневните зимски комбинации.
Трендовски парчиња кои се носат во ледено сина нијанса се палта, кошули, фустани, како и ефективни модни додатоци. А доколку сакате да блеснете на вечерно излегување, задолжително комбинирајте ја оваа боја со секогаш популарните светкави материјали. Во ваква комбинација сигурно нема да останете незабележани.