Една година од првиот случај на коронавирус во светот

Пред една година беше регистриран првиот случај на коронавирус кај 55-годишен маж од кинеската провинција Хубеи.

Од тогаш, бројот на заразени лица во светот надмина 55 милиони, а повеќе од 1.300.000 луѓе починаа од последици на COVID-19.

Нулта пациентот, според China Morning Post, е регистриран на 17 ноември 2019 година во кинеската провинција Хубеи. Тоа е повеќе од еден месец пред лекарите да ги регистрираат првите случаи во Вухан.

Научниците се сомневаат дека COVID-19 од лилјак преминал на друго животно кое подоцна го консумирал човекот, па затоа почнал да се шири меѓу луѓето.

Експертите тврдат дека од 17 ноември минатата година, секој ден се пријавувале по неколку пациенти, а на 15 декември 2019 година тој број бил 27. Бројките тогаш почнаа нагло да се зголемуваат, а заразата ја помина кинеската граница.

Иако повеќе од 38 милиони луѓе се излекувале за една година, вирусот не стивнува и се чини дека врвот допрва доаѓа.

Денеска, најнаселената земја во светот, од каде започна сè, регистрира неколку случаи на ден, додека во САД има 150.000 новозаразени, а во некои европски земји над 40.000.

За споредба, во Кина од почетокот на пандемијата се заразиле малку повеќе од 86.000 луѓе, а 4.634 починале.

Во моментов, најмногу заразени има во САД, Индија, Бразил, Франција и Русија. 

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе