ЕК бара построги мерки за патување во и надвор од ЕУ

Европската Комисија (ЕК) денеска им препорача на земјите членки на ЕУ да воведат построги мерки за патниците во и вон Унијата за да се избегнат нови бранови на COVID-19, јави дописничката на МИА од Брисел.

Земјите треба построго да ги обесхрабрат со неесенцијални движења преку границите но и во самите земји со оглед на тоа дека новите мутации на вирусот се позаразни и се шират многу бргу, предупредија денеска еврокомесарите Дидие Рејндерс и Илва Јохансон на прес-конференција во Брисел.

За земјите надвор од ЕУ, Комисијата препорачува задолжително тестирање пред заминување и приложување на тест не постар од 72 часа како и карантин или изолација од 14 дена максимум. ЕК бара исто така да се преземат построги мерки за патниците кои пристигнуваат од земјите каде се детектирани новите варијации на вирусот, односно Велика Британија и Јужна Африка. За овие патници треба да се бараат и дополнителни тестови при пристигнување во земја на ЕУ.

Конечно, Комисијата препорачува и да се воспостави заеднички европски формулар за локализација на патниците. Засега секоја земја има свои формулари, Комисијата смета дека треба сите земји членки на ЕУ да имаат ист образец.

Што се однесува до одлуката да се отстрани трета земја од списокот на ризични дестинации, Комисијата бара да се додаде критериум што се однесува на присуството на мутирани соеви на вирусот. Другите критериуми за стапките на позитивност и на тестирање остануваат исти.

ЕУ треба да ги заостри правилата за патување не само во самата Унија, туку и во самите земји членки, смета ЕК, без притоа да се стави во опасност функционирањето на заедничкиот пазар. За оваа цел земјите членки на ЕУ ги модификуваа кодовите со бои, додавајќи ја темно црвената за земјите со посебна висока стапка на заразени и позитивност.

За патниците кои пристигнуваат од овие зони, ЕК препорачува тест и карантин, но одлуката останува во рацете на националните власти.

Сепак, европската извршна власт потсетува дека на есенцијалните работници, лицата кои работат во погранична зона или преминуваат редовно граници од семејни причини треба да им се олеснат процедурите.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе