Најмалку 21 лице се повредени во пожар што избувна по експлозија на американскиот воен брод USS Bonhomme Richard стациониран во Сан Диего.
Американската морнарица соопшти дека 17 морнари и четворица цивили се однесени во болница со полесни повреди.
Противпожарната служба преку Twitter соопшти дека во неделата наутро бил пројавен пожар на воениот брод кој бил закотвен за одржување и поправки. Огнот синоќа сѐ уште горел.
Адмиралот Филип Собек на прес-конференција информира дека имало експлозија на бродот, но причината сè уште е нејасна.
Во моментот на избувнувањето на пожарот на бројот имало околу 160 морнари.