Писмата најдени на местото на злосторството помогнаа да се дојде до одговори за вчерашниот напад на автобусот со фудбалерите на Борусија Дортмунд: полицијата уапси еден осомничен.
Според информациите од германските медиуми, станува збор за екстремист, а Федералното обвинителство го потврди апсењето.
„Најдовме неколку писма во кои се презема одговорноста за нападот. Едно од барањата е повлекување на германските војниви од Сирија, а друго е затворање на американската воена база Рамштајн. Имаме двајца осомничени, едниот е уапсен“, соопшти обвинителството.
Три бомби експлодираа вчера покрај автобусот на фудбалскиот тим, при што беше повреден дефанзивецот на Борусија Марк Бартра.