Ели Апостоловска, единствена девојка која скокна по крстот во водите на Вардар во Велес

Меѓу 71 православни христијани, кои вчера скокнаа во водите на Вардар во Велес за Богојавление –Водици, беше и единствената девојка,  28 – годишната Ели Апостоловска, вработена во Армијата, во Воената полиција.

Таа досега трипати се пријавувала за учество, а два пати скокала по светиот крст во водите на Вардар. За МИА, потенцира дека крстот бил блиску до неа, но среќа прв да стигне до крстот имал нејзиниот колега од Армијата, Игор Василевиќ.

Апостоловска потенцира дека и во наредните години за Водици не се откажува и ќе се пријави да скока по крстот во водите на Вардар, а се надева дека ќе ѝ се насмевне среќата и ќе го фати светиот крст за Водици. Воедно, таа потенцира дека е многу среќна што била учесник и е горда што е дел од традиционалната манифестаци, која е многу значајна за христијаните.

– Имав преголема желба и така се пријавив. Исто како кога требаше првпат да скокам, така и овој пат, синоќа цела вечер не можев да заспијам од возбуда. Преубаво се чувствувам и сум многу среќна што влегов во осветените води на Вардар. Тоа значи и здравје и среќа, изјави вчера Апостоловска.

Ели Апостоловска во Армијата работи од 7 септември 2015 година. Прво се вработила во Полкот за специјални операции – Ренџери, па во чета за Логистичка поддршка, а сега е во Воената полиција во Касарната „Илинден“ во Скопје.

Таа ни сите православни христијани им го честита празникот Богојавление Водици и им посака многу здравје и среќа.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Живот

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе