Серија А 2020/21

Ем победува, ем се лути – Роналдо го фрли дресот на Јуве

Кристијано Роналдо не беше расположен по победата против Џенова и го фрли дресот на Јувентус.

„Старата дама“ ја победи Џенова со 3:1, но Португалецот не беше задоволен. Не успеа да се запише во листата на стрелци, пропушти голема шанса во првото полувреме, а беше особено нервозен во второто полувреме и бараше од соиграчите подобро да го ангажираат на теренот.

По последниот судиски свиреж беше видно незадоволен, па се соблече и го фрли дресот покрај противничкиот гол.

Ова го искористи едно од момчињата кои собираат топки и неочекувано доби вреден сувенир.

URL

Португалецот направи нешто слично по мечот меѓу Португалија и Србија, кога не беше задоволен од одлуката на судијата да поништи чист гол и ја фрли капитенската лента.

Многу навивачи на Јувентус го критикуваа Роналдо на социјалните мрежи бидејќи го фрлил дресот на нивниот сакан клуб.

URL

За време на прес-конференцијата по натпреварот, тренерот на Јувентус, Андреа Пирло, рече дека Роналдо нема да биде казнет за ваквиот потег.

„Нормално е дека сака да постигне гол, особено кога натпреварот ќе се искомплицира. Тој е шампион и секогаш сака да остави свој белег. Мислам дека клубот нема да го казни, беше вознемирен, тоа им се случува на другите играчи. Натпреварот заврши и нормално е да се биде нервозен“, го правдаше Пирло најдобриот стрелец на Јуве.

URL

Некои италијански медиуми подоцна објавија текстови во кои се известува дека „Роналдо сакал да му подари дрес на собирачот на топки“.

URL
URL
реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе