Ем шуто, ем боде: По короната, теоретичарите на заговор се нафрлија на метеоролозите

Некогаш доверливи лица на вестите, метеоролозите сега се соочуваат со онлајн закани, навреди и клевети од теоретичарите на заговор и негаторите на климатските промени кои ги обвинуваат за фалсификување на прогнози или дури и влијание врз временските услови, пишува AFP.

Корисниците на Twitter и другите социјални мрежи ја обвинија шпанската метеоролошка агенција дека ја предизвикала сушата, Австралија дека ги променила термометрите, а Франција дека го преувеличува глобалното затоплување преку погрешно поставени метеоролошки станици.

„Коронавирусот повеќе не е тренд. Теоретичарите на заговор и негаторите кои порано зборуваа за тоа, сега шират дезинформации за климатските промени“, изјави за AFP Александре Лопез-Борул, предавач по информатички и комуникациски науки на Отворениот универзитет во Каталонија.

„Тие ги сметаат овие научни тела за дел од естаблишментот, па сè што ќе кажат може да биде оспорено на социјалните мрежи“, смета Лопез-Борул.

„Тие обезбедуваат докази против она што го тврдат негаторите на климатските промени, па се обидуваат да ги дискредитираат“, додаде тој.

Закани за метеоролозите

Шпанската метеоролошка агенција (АЕМЕТ) зборуваше, за време на сушата и во пресрет на локалните избори, за заканите упатени кон своите вработени преку телефон, електронска пошта и на Twitter.

„Убијци“, „криминалци“, „Ќе платите за ова“, „Ве гледаме“, се дел од пораките.

Овие пораки беа испратени од луѓе кои веруваат во отфрлената теорија дека трагите од кондензација од авионите се всушност „ chemtrails“ кои ги прска владата за да ги труе луѓето или да создаде тешки временски услови.

Некои се повикаа на „Агендата 2030“, теорија дека глобалните елити заговараат да ги потчинат луѓето преку политиките за ковид и климата.

„Дали би сакале да ги објавиме вашите и контакт информациите на вашето семејство?“ е еден од твитовите насочени против вработените во АЕМЕТ.

„Клошари! Ја уништувате природата по налог на проклетата агенда 2030“, рече друг корисник на Twitter.

„Видовме зголемување на навредливите пораки како резултат на темата што ја објавивме за ондензациските траги“, изјави за AFP портпаролката на АЕМЕТ, Естрела Гутјерес-Марко на 10 април.

„Она што нема смисла е дека тие навредуваат институција која постојано внимава на нивните интереси и чија цел е да придонесе за безбедноста на луѓето“, додаде таа.

Лопес-Борул забележа „значителен пораст“ на негирањето на климатските промени - особено кај приврзаниците на екстремната десница кои го гледаат како левичарско прашање и се спротивставуваат на реформите насочени кон намалување на нејзините ефекти.

„Луѓето немаат доверба во политичарите, судиите и медиумите, а трошоците за живот се зголемуваат“, рече тој.

„Во овој контекст, луѓето се чувствуваат отуѓени и на крајот слушаат луѓе што никогаш претходно не ги слушале, со пораки кои директно привлекуваат емоции“, додаде тој.

Австралиски термометри

Во друг случај што го истражуваше AFP Fact Check, конзервативните медиуми и корисници на Facebook споделија тврдења дека Австралиското биро за метеорологија (BOM) ги фалсификувало своите температурни отчитувања.

Џенифер Марохаси, која е истакнат климатски скептик, рече, врз основа на анализа на податоците добиени преку Законот за право на информации, дека електронските сонди на BOM даваат 0,7 степени Целзиусови повисока температура од постарите жива термометри.

Експертите кои ги анализирале податоците велат дека ова тврдење е неточно.

Професорот за животна средина на Универзитетот Монаш, Невил Николс, рече дека разликата помеѓу повеќето отчитувања на електронските сонди и живи термометри е занемарлива - помеѓу нула и 0,1 степени Целзиусови.

„Оваа разлика е многу мала во споредба со силниот тренд на затоплување на просечната температура над Австралија“ (околу 1,4 степени Целзиусови во изминатиот век), изјави Николс за AFP.

Светската метеоролошка организација за AFP изјави дека мерењата на BOM биле во согласност со нејзините стандарди.

Температури во Франција

По низата рекорди на топлина во југозападна Франција во март, еден критичар објави на социјалните мрежи дека Националната метеоролошка служба на земјата го преценила затоплувањето, потпирајќи се на отчитувањата на станиците во урбаните области, каде што температурите имаат тенденција да бидат повисоки.

Неговата објава ја погледнале повеќе од 139 илјади корисници.

„Друг начин да се чувствуваме исплашени и виновни“, коментира една жена, мислејќи на метеоролошката служба Meteo-France.

„За среќа, сè помалку луѓе им веруваат по Ковид. Мило ми е што не ги гледам нивните прогнози на France TV“, додаде таа.

Климатолозите кои ги консултираше AFP ги отфрлија тврдењата, посочувајќи дека ограничената мрежа од 30 метеоролошки станици за која се дискутираше во гореспоменатата публикација не е она што научниците го користат за мерење на климатските промени и дека климата исто така се менува во руралните области.

„Истражувачите од Meteo France ги користат сите можни мерки и создаваат компјутерски модели со различни хипотези и подолга временска рамка за анализа“, рече климатологот Кристин Берн.

„Можете да бидете сигурни дека ги немаме само нашите 30 мали метеоролошки станици“, додаде таа.

Еден корисник на Twitter го обвини холандскиот радиодифузер RTL Nieuws дека го преувеличува шпанскиот топлотен бран од крајот на април, објавувајќи скриншот што покажува умерени температури на Коста Бланка како доказ.

Меѓутоа, тој скриншот е направен три дена по топлотниот бран.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Свет

Јапонски аеродром не изгубил ниту еден багаж за 30 години работа

Read more

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Read more

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more
 

Вести

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 + Бадентеровото

Читај повеќе

Јапонски аеродром не изгубил ниту еден багаж за 30 години работа

Читај повеќе

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Читај повеќе

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе