Ентони Фаучи, главниот американски епидемиолог и еден од клучните луѓе во кампањата за сузбивање на пандемијата со коронавирусот, е позитивен за тест за COVID-19.
Главниот здравствен советник на американскиот претседател Џо Бајден, има благи симптоми, се наведува во соопштението, пренесе Reuters.
Инаку, 81-годишниот Фаучи е целосно вакциниран и примил две бустер дози. Додека не закрепне, ќе работи од дома.
Долгогодишниот директор на Националниот институт за алергии и заразни болести стана популарна личност од доверба во текот на пандемијата, кога беше член на работната група за борби против коронавирусот.
Тој беше остро критикуван од Доналд Трамп и одредени републиканци откако упати предупредување против пребрзото отворање на американската економија, а го осудуваа и противниците на вакцини и носење маски за заштита од вирусот.