Ердоган: Шведска не треба да очекува поддршка од Турција за влез во НАТО

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека Шведска не треба да очекува поддршка од Анкара за влез во НАТО по протестите на антиисламските активисти и прокурдските групи во Стокхолм.

Ердоган го осуди саботниот протест, во кој беше запален Куранот, светата книга на исламот, велејќи дека тоа е навреда за сите, особено за муслиманите, и ги критикуваше шведските власти што дозволија демонстрациите да се одржат пред турската амбасада во Стокхолм.

Тој, исто така, ја критикуваше Шведска за прокурдските протести каде демонстрантите вееја знамиња на различни курдски групи, вклучително и Курдската работничка партија, чии симболи не се забранети во Шведска, иако е означена како терористичка група во ЕУ, САД и Турција.

– Ќе дозволите терористичките организации да дивеат и потоа да ја очекувате нашата поддршка за влез во НАТО. Тоа нема да се случи, рече Ердоган.

Тој додаде дека Шведска „нема да види никаква поддршка“ од Турција за прашањето за влез во НАТО „ако не покаже почит“ кон Турција или муслиманите.

Шведска, како и Финска, аплицираше за членство во НАТО минатата година, напуштајќи ја децениската политика на воена неутралност, откако Русија ја нападна Украина. Турција и Унгарија се единствените две членки на НАТО кои го немаат ратификувано протоколот за пристапување на овие земји во Алијансата.

реклама

Дали на Сенегал ќе му биде одземен трофејот, а на Мароко ќе му биде доделена победа од 3:0?

Read more

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Read more

Дали Диас намерно го промаши пеналот во финалето од Африканскиот куп на нации?

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Свет

Фон дер Лајен: Време е да се изгради нова, независна Европа

Read more

Русија го поддржа Трамп: Гренланд не е природен дел од Данска

Read more

Кина соопшти дека е поканета да се приклучи на „Одборот за мир“ на Трамп

Read more

Болсонаро планира да си ја намали затворската казна со читање книги

Read more
 

Вести

И електронските цигари влегуваат во новиот закон за заштита од пушењето

Читај повеќе

Индија и ОАЕ потпишаа договор за гас вреден 3 милијарди долари

Читај повеќе

Нуркачи спасиле двајца верници кои се фрлиле по крстот во Вардар во Скопје

Читај повеќе

Изложба на фотографии и проекција на документарен филм Старата скопска чаршија: Визии за иднината

Читај повеќе

Црна Гора ќе вработи речиси 30.000 странски работници

Читај повеќе

Обвинителството побара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов осомничен за корупција

Читај повеќе

Од полноќ нови цени на горивата

Читај повеќе

Што сè заплени Царинската управа изминатата недела?

Читај повеќе

Фон дер Лајен: Време е да се изгради нова, независна Европа

Читај повеќе