Ериксен: Изненаден сум од моето тело, се однесува доста добро

Данскиот играч одигра 80 минути кои му беа многу потребни, иако на пријателски натпревар, и е доста задоволен од својата игра.

„Се чувствувам доста добро. Беше тежок тест последнава недела и нешто, но среќен сум што сум тука“, вели тој во изјава за официјалната клупска веб-страница.

Ериксен нема одиграно официјален натпревар по немилиот настан на ЕУРО 2020 кога доби срцев удар. Му беше вграден дефибрилатор поради кој не можеше да игра во Италија, па зимава дојде во Брентфорд.

Настапи на два пријателски натпревари со Саутенд и сега последно со шкотски Ренџерс, на кој одигра 80 минути, а натпреварот заврши 2:2 и притоа асистираше на двата гола.

„Чувствувам дека сум на добро место, ментално и физички добро влегувам во натпреварите, што е најважно во моментов. Всушност, малку сум изненаден што моето тело се однесува на начинот на кој што се однесува бидејќи тренирав напорно, но не очекував да бидам толку добар како што се чувствувам. Ова е дефинитивно нешто многу позитивно“, радо вели тој.

Ериксен беше промовиран пред навивачите на Брентфорд пред ремито без голови дома со Кристал Палас предминатиот викенд, но  сѐ уште не бил повикан во составот на Томас Франк за натпревар од Премиер лигата.

Тоа може да се смени претстојниов викенд кога в сабота „Пчелите“ дома го пречекуваат Њукасл, нов важен натпревар против конкурент во битката за опстанок. Потоа доаѓа ист таков натпревар кај Норич, седум дена подоцна.

„Ја чуствувам истата возбуда, истата љубов за допир на топката, и генерално да бидам инволвиран и да играм фудбал“, рече Ериксен за неговото досегашно искуство во тимот од Западен Лондон.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе